Искористете ги преостанатите тестенини и направете – чипс!

Фото: Инстаграм/ @no_sweat_vegan
98

Дали ви останале варени тестенини од ручек и не знаете што да правите со нив? Имаме решение – рецепт за едноставни и брзи грицки, чипс од тестенини направени во фритеза на топол воздух

Со новите поскапувања (и не само поради тоа, се грижиме и за животната средина), фрлањето храна станува неприфатливо, односно сакаме да го избегнуваме секогаш кога е можно. Имаме одлична идеја како да го намалиме отпадот од храна и да направиме одлични грицки од остатоците од ручекот, односно вишокот тестенини, на кои сите ќе се радуваат.
Чипсовите од тестенини направени во апаратите за готвење на топол воздух, веќе некое време се хит на Тик-Ток, а објавите со хаштагот #pastachips достигнаа 300 милиони прегледи уште во 2021 година…

Не само што остатоците од варените тестенини кои се пржат на топол воздух се екстремно крцкави и вкусни, туку и љубителите на грицките се воодушевени од едноставноста на нивната подготовка и фактот што имаат само неколку капки масло бидејќи не се пржени. . Да напоменеме и дека се готови за само 10 минути!
Еве како да ја подготвите оваа генијална закуска во 3 едноставни чекори:

Измешајте ги тестенините со неколку капки маслиново масло и додадете сол, пипер и зачини по желба – медитерански билки, кора и сок од лимон, чили во прав, гранули од лук и кромид, рендан пармезан. .. Се добро измешајте.

Ставете ги во фритеза на топол воздух на 200 степени 10 минути, со тоа што на половина од времето за печење, тестенините малку измешајте ги, односно протресете ги.
Совет плус: Ако сакате да го подигнете чипсот од тестенини на следното ниво, послужете ги со сос што ќе го изберете. Овде можете да ја вклучите вашата фантазија, но имаме и добри идеи – можете да ги послужите со сос од фета сирење, грчки јогурт и маслиново масло, или послужете ги со песто, гвакамоле или маринара сос.

А еве и неколку идеи од Инстаграм како да го зачините чипсот од тестенини.