Не консумирајте каки јаболко на празен стомак бидејќи може да го зголеми ризикот од дијареа. Најдобро би било да ги јадете после оброк.
Познатото јапонско јаболко кое го знаеме уште и како каки, е многу здраво, но кога го јадете треба да внимавате на 2 работи.
Јаболкото каки, познато и како јапонско јаболко, е исклучително здраво. Луѓето во Азија го консумираат повеќе од 2.000 години, а по изгледот потсетува на домат.
Каки јаболкото е богато со витамини А и Ц, а содржи и минерали како железо, калциум и калиум. Тоа е добар извор на влакна и антиоксиданти, а може да помогне во зајакнувањето на вашиот имунитет. Приближно 100 грама од ова овошје содржи околу 70 калории.
Можете да го јадете свежо, сушено или варено. Доколку го консумирате целото овошје, би било препорачливо да ја излупите кората пред јадење бидејќи содржи поголеми количини тианин. Ова соединение може да ја забави апсорпцијата на други корисни елементи.
Друга важна работа – не консумирајте каки јаболко на празен стомак бидејќи може да го зголеми ризикот од дијареа. Најдобро би било да ги јадете после оброк.
Добра идеја е да ја извадите кората, да ја исечкате и да ја ставите во јогурт или грчки јогурт. Ова овошје можете да го користите и како додаток на други деликатеси.