Kако да ги искористите отпадоците од храна? Лушпа од компири, кора од банана и цитруси…

Фото: Pixabay
172

Жал ви е што ги фрлате сите оние отпадоци од овошје и зеленчук што остануваат кога правите ручек? Еве повеќе одлични начини на кои можете да ги искористите

Колку пати се случило да ви треба парче кора од лимон за вашите колачиња, а дома да немате лимон? За да не ви се случи тоа повторно, ставете го остатокот од цитрус во пластична кеса и замрзнете го.

Дали кога лупите компири и ви останува цел куп, ви се случува да се прашате за што би можеле да ги искористите пред да ги фрлите? Истото е и кога лупите цитруси, банани, авокадо.

Еве за што сѐ можат да се употребат сите овие отпадоци.

Остатоци од лимон за чистење. Дали го исцедивте лимонот? Наместо да ја фрлите кората, користете ја за да го исчистите вашето домаќинство со неа наместо со грубите хемикалии што обично ги користиме. Извадете ја исцедената кора од лимон и премачкајте ја валканата работна површина во кујната. Ако нечистотијата е навистина голема, прво поросете со сода бикарбона, а потоа тријте со лимонот и пребришете.

Агруми за арома. Ако ви се случи да немате замрзнувач, постои уште еден одличен начин да ги искористите преостанатите лушпи од цитрус. Излупете ја кората, без белиот дел, а потоа ставете ја да се суши околу два дена. Кога ќе се исуши, смелете ја целосно во мелница за кафе и чувајте ја во херметички затворена тегла.

Можете исто така кората да ја зачините со шеќер, маслиново масло или со алкохол. Можете едноставно да ги ставите во тегла и да ги залеете со намирница по желба, па оставете да отстојат на ладно и суво место подолго време.

Остатоци од бујон и бујон од остатоци од зеленчук. Остатоците од бујон, без оглед дали е говедски, пилешки или од зеленчук, замрзнете го во садови за мраз и користете ги како зачин во ориз, тестенини, супи. Можете исто така да направите и супа од остатоците од зеленчук, како лушпи од морков, компир, црвен кромид и зачински билки. Измијте сè добро, ставете во тенџере, додадете вода и оставете да се вари додека не останат сите вкусови во водата..

Кора од банани за здрава кожа. Кората од банани е многу богата соантиоксиданси како лутеин и може да послужи за хидратација на целото тело. За пилинг од банана едноставно ставете малку шеќер на внатрешната страна од кората од банана и тријте го телото а потоа исплакнете со вода.

Отпадоци за нега на лицето. Како природен тоник за нега на лицето користете кора од грејпфрут или кора од портокал. Користете ги такашто едноставно со нив ќе го триете лицето. Природната киселост и текстурата на кората, ги отстранува мртвите клетки од кожата, а витаминот Ц се бори против првите знаци на старост и оштетувања. Внатрешната страна од кората на авокадо можете да ја користите како навлажнувач затоа што има многу здрави масла. Со кората од компири ќе се ослободите од отечените очи, едноставно ставете ја кората од компири на очите, нека отстои 15 минути и отокот ќе спласне.