Кафе или какао? Кафе со какао!

Фото: Pexels
400

Направете го вашето кафе поздраво! Додадете само една состојка и вашите црева ќе ви бидат благодарни

Кафето е омилениот утрински и дневен пијалок на многумина, а бројните истражувања го докажале неговото позитивно влијание врз здравјето, но само доколку не претерате со бројот на шолји.
Сега постои лесен начин кафето да се направи уште поздраво.

Се’ поголем број истражувања и мрежа на експерти за здравје на цревата ја поддржуваат идејата дека кафето може да има корист за дигестивниот тракт.

Полифенолите во кафето можат да ги хранат корисните цревни бактерии, поттикнувајќи го растот и активноста. Тие исто така можат да помогнат во ограничувањето на растот на „лошите“ бактерии – вели Џозеф Салаб, американски гастроентеролог од Девенпорт. Тој нагласува дека сите овие придобивки може да се додадат со една лажичка какао во прав во шолја кафе.

Кога станува збор за варењето, кафето и какаото имаат посебни предности. Возрасните треба да консумираат од 25 до 38 грама какао влакна дневно, што може да се постигне со додавање на една или две лажици какао во прав во кафето што го пиете во текот на денот.

Сепак, внимавајте да не пиете кафе на празен стомак бидејќи тоа може да го поттикне лачењето на желудочната киселина, а со тоа и стомачните болки. Затоа, прво изедете нешто, а потоа испијте шолја кафе, збогатено со една до две лажици какао.

Вашиот дигестивен тракт ќе ви биде благодарен.