Како да го користите чиа семето? 8 начини на кои можете да ја вклучите оваа суперхрана во исхраната

Фото: Pexels
457

Моќната антиоксидантна активност дефинитивно ги поставува овие семиња на врвот на листата во однос на здравствените придобивки, а исто така е важно да се забележи високата концентрација на полинезаситени масни киселини кои придонесуваат за тоа.

Заедно со бројните нови трендови за здрава храна, се појави и чиа семето.

Неговата хранлива вредност му ја обезбеди титулата „суперхрана“.

Ништо необично имајќи предвид дека тоа содржи девет есенцијални амино киселини кои се потребни за градење мускули.

Исто така исклучително е богато со омега-3 масни киселини, калциум, железо, магнезиум, манган, фосфор и цинк.

Речиси 90% од јаглехидратите што ги содржи чиата се влакна.

На влакната не им треба инсулин за да се разградат и не го зголемуваат шеќерот во крвта.

Моќната антиоксидантна активност дефинитивно ги поставува овие семиња на врвот на листата во однос на здравствените придобивки, а исто така е важно да се забележи високата концентрација на полинезаситени масни киселини кои придонесуваат за тоа.

Ако не сте сигурни како да ги вклучите и вие во вашата исхрана, еве неколку начини на кои можете да го направите тоа.

За почеток, важно е да се забележи дека чиа семето апсорбира течност и може да го зголеми својот волумен до 10 пати.

Тие стануваат гелови по текстура, што ги прави идеални во кујната.

Чиа смути
Чиа семето нема да ја смени текстурата и вкусот на смутито или фрапето, само ќе му даде уште подобра и погуста текстура.

Покрај тоа, напитокот ќе биде збогатен со 3,4 г влакна, 80% од потребниот дневен внес на витамин К и 63,1 мг калциум (1 лажица).

Чиа јајце
Поради својата способност да апсорбира течност, чиата е идеална замена за луѓето кои се нетолерантни на јајца, веганите и оние кои сакаат да го подобрат своето здравје.

Ставете една лажица чиа семе во блендер неколку секунди. Потоа додадете три супени лажици вода во смесата во прав и измешајте.

Оставете го да отстои пет минути или ставете го во блендер неколку секунди.

Чиа јајцето ќе има текстура слична на вистинско јајце, што ви овозможува да го користите во печење мафини, колачи, торти итн.

Доколку сакате повеќе јајца, само зголемете ја количината на чиа семки и вода (однос 1:3) .

Чиа пудинг
Во сад ставете 1/4 шолја чиа семе и додадете една шолја бадемово млеко.

Ставете со една лажичка екстракт од ванила и додадете природен засладувач (агава или јаворов сируп).

Ако сакате, додадете цимет.

Добро измешајте, покријте го садот и оставете го во фрижидер преку ноќ.

Уживајте во здрав, вегански појадок наутро!

Пудингот можете да го поросите со кокос, бадеми и слично.

Исто така, доколку користите засладено бадемово млеко додадете помалку сируп за засладување.

Подетално за правењето чиа пудинг можете да видите во видеото.

Како додаток
Додадете една лажичка чиа семе во вашите житарки, јогурт или поросете ги на салатата.

Една лажичка содржи само 65 kcal и обезбедува 54% од потребниот дневен внес на омега-3 масни киселини.

Додаток во брашно

Ако сакате да го збогатите лебот, палачинките или вафлите со лажица здравје, ставете чиа семе во блендер и потоа додајте ги во брашното што го користите.

Ви препорачуваме да вклучите во рецептот и чиа јајце.

Чиа гел за џемови

Додадете една супена лажица чиа семе во 50 мл топла вода.

Оставете го во фрижидер преку ноќ.

Добиениот чиа гел ставете го во блендер заедно со свежото овошје по желба и употребете го како џем.

Детоксикациски чиа напиток

Направете чиа гел, ставете го во стаклено шише и додадете една шолја вода и една шолја органски, незасладен сок по желба.

Добро протресете и успешно детоксицирајте се.

Чиа енергетски плочки

Плочките се одлични како оброк пред или после напорен тренинг.

Обработете 12 урми без семки во блендер 30 секунди (додека не добиете хомогена смеса).

Во сад ставете ги урмите, 70 гр чиа семе, две лажици кокосово масло и половина лажичка мелен цимет.

Мешајте додека не добиете еднолична смеса.

Потоа намачкајте ја смесата на плех (користете хартија за печење).

Оставете ја во фрижидер 3-4 часа. Исечете ја на осум еднакви парчиња со нож.


Таен совет: не купувајте кафени чиа семиња бидејќи не се целосно развиени.

Консумирајте бело или црно чиа семе.

Американското научно списание Journal of the American Oil Chemists’ Society го потврдува фактот дека со зголемувањето на општествената свест за важноста на здравјето во светот, зголемена е и побарувачката за функционална храна со повеќекратни здравствени придобивки.

Токму затоа чиа семките се толку популарни во бројни кулинарски комбинации.

Во 2012 година, Journal of Biomedicine and Biotechnology објави студија која се надоврзува на променливите навики на јавноста и истакнува дека употребата на лековити намирници од народната медицина сѐ повеќе се поттикнува и практикува.

Во исто време, чиа семето повторно доби посебно значење како традиционална американска храна која особено се користи за одржување на здрави нивоа на липиди благодарение на присуството на фенолна киселина и омега-3 масло во семето.