Како да го скратите времето на варење на гравот?

Фото: Unsplash
503

Оние кои ги испробале овие трикови тврдат дека со помош на една од овие две состојки, гравот ќе биде готов за само 50 минути!

Не сме ги испробале овие трикови, ама оние кои ги пробале тврдат дека гравот ќе биде готов за 50 минути! Ставете една лажица сода бикарбона или чашка ракија во тенџерето и ќе го намалите времето за готвење.

Само искусните готвачи го знаат овој трик и го користат постојано за гравот да биде побрзо готов. Испробајте го па јавете.

Едно од омилените јадења на нашите трпези е гравот. Но, сите домаќинки знаат дека се потребни часови за да се зготви. Сепак, искусните готвачи открија како тие го кратат времето за готвење на гравот, а вкусот е совршен. Постојат две состојки кои можете да ги додадете за брзо готвење на вашето омилено јадење, а вие одберете ја онаа што повеќе ви одговара или што моментално ја имате во домот.

Сода бикарбона

Во првата вода во која се вари гравот додадете една кафена лажичка сода бикарбона. Оставете го гравот да се динста најмалку 15 минути, а потоа истурете ја водата и додадете малку масло. Добро измешајте за да бидете сигурни дека маслото е распоредено низ гравот. Содата ќе го спречи и создавањето на гасови кои ги предизвикува гравот.

Ракија

Во овој случај, истурете 4 дела ладна вода и 1 дел грав. На пример, истурете 4 литри вода на 1 кг грав. Во тенџерето веднаш ставете и 50 мл ракија и оставете да зоврие. Потоа намалете ја температурата на шпоретот и динстајте го гравот околу 50 минути. За тоа време ќе омекне.