Како да испржите совршено парче риба? Со овој трик нема утка (ВИДЕО)

Фото: Unsplash
3.967

Еден додаток кој сигурно го имате во вашата кујна е она што ви е потребно за да спремите совршено испечено парче риба

Сигурно ви се случило да купите совршено филетирано парче риба, во кое, следејќи ги упатствата од Интернет или гледајќи видео на Јутјуб, веќе сте вложиле многу време за да ја отстраните секоја коска. Време е за печење. Ја вадите тавата и кога добро ќе се загрее, ја ставате рибата, а потоа – повторно утка!

Кожата се залепила на дното од тавата и се обидувате со шпатула да ја одлепите и некако да го зачувате парчето цело пред целосно да се распадне.
Со оглед на тоа што ова сценарио се случува дури и во кујната на поискусните, можеби не е на одмет да го погледнете видеото што го најдовме на Инстаграм профилот Chef Steps.

Тоа е всушност, едноставен трик со чија помош кожата на рибата никогаш нема да се залепи на дното на тавата, а секогаш ќе добиете убаво, сочно парче риба со крцкава кора. Имено, тајната е во обично парче хартија за печење!
Исечете мало парче, додадете малку масло, зачинете ја рибата и ставете ја на хартијата за печење со кората надолу. Печете на добро загреана тава додека не добиете крцкава кора. Превртете го парчето од другата страна и испечете го, па послужете го. Овој трик посебно се однесува за тавите со подебело дно.
Како што пишува во описот на видеото, вака рибата нема да се залепи и нема да има потреба да ја одлепувате со шпатула. Сè што треба да направите е да се сконцентрирате на температурата и на процесот на готвење и ќе имате совршено испечена риба со рамномерно заруменета, крцкава кожа како што обично добивате во рестораните.
Погледнете како тоа изгледа во видеото подолу.