Како да јадете леб, а да не се здебелите? Познат нутриционист откри трик кој многу помага

Фото: Pexels
789

Трикот е во тоа да го ставите купениот или домашниот леб во замрзнувач! Зошто? Бидејќи, со замрзнувањето скробот се претвора во отпорен скроб. Звучи чудно, но тоа значи дека вашето тело добива многу помалку калории од лебот.

Кога размислуваме за слабеење, а овие денови размислуваме, мислиме дека лебот е првото нешто што треба да се исфрли од исхраната.

Добрата вест е дека постои поздрава алтернатива која ни дава можност да не се откажеме целосно од оваа компонента на нашата редовна исхрана, пишува Daily Mail.

Имено, експертите откриле трик како едноставните јаглехидрати во лебот да ги претворат во поздрави, односно „поотпорни“ јаглехидрати.

Доколку навистина ви е тешко да се откажете од лебот, а би сакале да ослабете, како што пишува Дејли Мејл, можеби ќе ви биде полесно доколку примените трик кој наводно ќе го преполови бројот на калории што ги внесувате со лебот.

Трикот е во тоа да ставите купен или испечен леб во замрзнувач! Зошто? Бидејќи, со замрзнувањето скробот се претвора во отпорен скроб. Звучи чудно, но тоа значи дека вашето тело добива многу помалку калории од лебот. Всушност, отпорниот скроб ги храни цревните бактерии наместо да се таложи и да создава вишок.
Поголемиот дел од отпорен скроб значи дека телото побавно го вари замрзнатиот леб, што предизвикува поблаг пораст на шеќерот во крвта отколку што е случај кога станува збор за свеж леб, што потенцијално го намалува ризикот од дијабетес тип 2.

„Отпорниот скроб значи дека вашето тело апсорбира помалку калории и затоа повеќе се достапни за вашиот микробиом (вашите цревни бактерии), давајќи им на „добрите“ бактерии нешто за да се хранат и да се размножуваат“, објаснува нутриционистот д-р Мајкл Моусли.
Најголемиот проблем со белиот леб е тоа што поради високиот гликемиски индекс пребрзо ослободува енергија и го зголемува нивото на шеќер во крвта. Сепак, оние кои немаат дијабетичари во своето семејство не треба да се грижат за консумирање бел леб, кој е идеален за појадок бидејќи го забрзува метаболизмот, тврдат научниците.

Покрај сè што е споменато погоре, замрзнувањето го продолжува и рокот на траење на лебот.