Конзервираните јагоди ќе бидат вистинско уживање за вас во наредните месеци.
Јагодите се вистинско богатство од витамин Ц, а содржат и манган, калиум, фолна киселина и други минерали и витамини. Антоцијанинот што им ја дава нивната боја е корисен за срцето. Тие имаат антиоксидантни и антибактериски својства. Но, вистинска штета е што нивната сезона трае кратко.
Еве како можете да ги зачувате во тегла за да можете да уживате во јагоди и неколку месеци потоа.
Состојки:
1 кг јагоди
4 лажици шеќер
вода
Рецепт за конзервирање јагоди:
За да направите зимница од јагоди, ставете ги јагодите во тенџере и прелијте ги со вода. Оставете ги потопени 20 минути, па измијте ги под млаз чиста вода. Потоа исчистете ги и зачувајте ги листовите од јагоди, а јагодите ставете ги во тенџере. Наредете ги исчистените јагоди во две чисти, стерилни тегли. Додадете по 2 лажици шеќер во секоја тегла. Ставете во секоја тегла врела вода.
Затворете ги теглите со чисти капаци. Потоа подгответе голем длабок сад за пастеризација. Ставете кујнска крпа на дното од садот. Потоа ставете ги двете тегли и додадете топла вода во садот која ќе оди до нивото на капакот на теглата.
Потоа префрлете го тенџерето на шпоретот и од моментот кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата и варете 15 минути. По 15 минути, оставете ги теглите да се оладат во водата, а потоа префрлете ги на темно и ладно место додека не ги употребите. Уживајте!