Палачинките се совршен избор кога сакате нешто слатко или солено, а еве како да ги направите без брашно.
Палачинките се евтин деликатес кој се подготвува насекаде низ светот, а состојките секој ги има
секогаш дома. Секој знае како да ги направи, но сепак постојат трикови кои ќе ви помогнат секогаш
да испаднат совршено. Денеска ви носиме уште еден одличен совет, а тоа е да направите
палачинки без брашно.
Тоа обично значи користење овесни снегулки или банани, но доколку не сакате да
експериментирате, наш предлог е брашното да го замените со гриз.
Освен што палачинките со гриз се повкусни од оние со брашно, ќе бидат и покрцкави.
Еве рецепт за вкусни палачинки без брашно:
Состојки:
2 јајца
250 гр гриз
1 чаша млеко
2 лажици шеќер
прстофат сол
1 лажичка сода бикарбона
Приготвување:
Во сад изматете ги јајцата со шеќерот, па додадете млеко и сол. Додадете гриз и сè убаво измешајте
со миксер. Покријте со проѕирна фолија и оставете го да отстои половина час во фрижидер. Потоа
во смесата истурете сода бикарбона и измешајте. Пржете ги палачинките како и обично.