Како да направите сами веганско месо? Ако сте вегетаријанец, можеби ќе ви треба сејтан

Фото: Pixabay
603

Сејтан или сеитан (познат и како „пченично месо“) е јадење направено од пченично брашно, богато со протеини и често се користи во вегетаријанската и веганската исхрана. Бидејќи главната состојка на сеитанот е глутенот, оваа храна не се препорачува за луѓе кои се алергични или имаат интолеранција на овој протеин.

Ако не јадете месо, веројатно ќе треба да најдете некој друг извор на протеини. Најпознатата замена за месо е сејтанот (или сеитан, познат и како „пченично месо“). Имено, станува збор за јадење направено од пченично брашно, богато со протеини.

Станува збор за пченичен глутен кој се добива со испирање на скроб од тестото.

Со постепено испирање и готвење се добива чист глутен чија текстура е слична на месото и речиси целосно може да го замени во исхраната.

Сејтан е храна која често ја користат во исхраната вегетаријанците и веганите.

Доаѓа од кинеската кујна, а во западните земји се користи за подготовка на макробиотски и вегетаријански јадења.

Тоа е храна со неутрален вкус која ја впива аромата на зачините и може да се користи наместо месо во широк спектар на подготовка на храна.

Може да се набави во продавниците за здрава храна во свежа и во чадена форма, но можете исто така лесно да го направите и сами.

Најчесто се прави од полубело брашно тип Т-850 и црно брашно од типот Т-1100.

Здравствени придобивки од сеитанот

Иако сејтанот е направен од пченица, тој содржи многу малку јаглехидрати.

Благодарение на неговата висока содржина на протеини (до 23 г протеини на 100 г сеитан), сеитанот може да го замени месото во оброкот.

Кога се комбинира со одредени намирници како соја сос или грав, станува целосен извор на есенцијални амино киселини кои му се потребни на телото, а веганите и вегетаријанците често го користат наместо месо во различни јадења.

За разлика од месото, сејтанот не содржи штетни масти и е нискокалорична храна.

Во просек, 100 г свеж сеитан содржи околу 147 kcal, 26,7 g протеини, 1,6 g масти и 6,2 g јаглени хидрати. Минералите во сеитанот вклучуваат железо, калиум, калциум и магнезиум.

Бидејќи главната состојка на сеитанот е глутенот, оваа храна не се препорачува за луѓе кои се алергични или имаат интолеранција на овој протеин.

Рецепт за подготовка на сеитан

Состојки:

1 кг брашно Т-850
600 мл вода

Приготвување на сеитан:

Сејтанот можете многу лесно да го направите дома. Замесете тесто од брашно тип Т-850 и 600 мл млака вода, постепено додавајќи вода. Тестото мора да биде потврдо од тестото за леб. Месете го најмалку 10 минути додека не стане мазно и компактно. Прелијте го со млака вода и оставете го 30 минути.

После тоа, испирајте го тестото во поголем сад наизменично со топла (не врела) и ладна вода. Нежно гмечете го и вртете го за што помалку да се изгуби глутен. Водата менувајте ја секогаш кога ќе побелее. Ако вашето тесто почне да се распаѓа, користете цедалка за да го исплакнете. Продолжете со плакнење додека не добиете маса од чисти белковини и додека водата не стане бистра. Водата за последното плакнење треба да биде ладна. Сејтанот се става во цедалка да се исцеди.

Обликувајте го сејтанот во топка, ако сакате големи шницли или во ролат, за помали шницли. Завиткајте го во влажна газа или кујнска крпа и врзете ги краевите на газата во јазол. Во водата додадете сол, 2 лажици соја сос, малку изрендан ѓумбир, кромид, морков, лук и ловоров лист. Кога ќе зоврие, ставете го сејтанот завиткан во крпа и варете на тивок оган околу еден час. Оставете го да се излади во водата во која се варел. Од 1 кг брашно ќе добиете 30 – 40 дкг цврст сеитан.

Варениот сејтан извадете го од крпата, изладете малку и исечете го на шницли. Измешајте дел од супата во која се варел сејтанот, додадете уште соја сос, свеж лук и маслиново масло. Сејтанот прелиен со оваа смеса може да се чува во фрижидер до 3 дена. Можете исто така и да го замрзнете.

Сејтан во подготовката на оброците

За понатамошна подготовка можете ситно да го исечете сејтанот и да го користите наместо мелено месо за полнење пиперки, сарма, подготовка на мусака или како вегански шницли.

Малку поголемите парченца сејтан одлично ќе ви послужат како додаток на разни чорби, рижото, јадења од зеленчук и вегански шницли.

Поголемите шницли од сејтан може да се динстаат, пржат, печат, да се полнат со зеленчук и печурки и да се стават во сендвичи.

Можете исто така да го чадите сејтанот и да го користите така или да го додадете во јадења кои вообичаено користат чадено месо.

Маринирање на сејтанот

Бидејќи вкусот на сејтанот е неутрален, можете да го збогатите и да го подобрите со различни зачини и маринади.

Сејтанот е особено вкусен ако остане некое време во маринада чија главна состојка е соја сосот.

Маринада за сеитан:

3/4 шолја екстра девствено маслиново масло
½ чаша соја сос (shoyu ili tamari).
2 лажици сенф
3 згмечени чешниња лук
малку ѓумбир во прав

Добро измешајте ги сите состојки, па додајте ги шницлите сејтан и оставете ги да отстојат во маринадата преку ноќ.

Извадете го сејтанот од маринадата, исцедете го и продолжете со подготовка по вообичаена постапка, како замена за месото.