Како можете да им помогнете на пчелите оваа година?

Фото: Pexels
125

Пчелите значително придонесуваат за ублажување на климатските промени, но и за зачувување на животната средина. Поради оваа причина, исклучително е важно да се подигне свеста за важноста на опрашувачите, нивниот придонес за одржливиот развој и заканите со кои се соочуваат, предупредуваат од Обединетите нации.

Пчелите создаваат течно злато и го одржуваат опстанокот на Земјата. Но, во последните неколку десетици години се намалија природните живеалишта на пчелите, за што најмногу придонесе прекумерната урбанизација, но и употребата на разни пестициди кои се смртоносни за пчелите.

Иако се меѓу најважните опрашувачи кои го обезбедуваат здравјето на екосистемот, како и одржливото земјоделство и биодиверзитетот, луѓето често ги земаат здраво за готово. Тие ги уништуваат нивните живеалишта, неправилно користејќи нелегални пестициди и на тој начин го намалуваат нивниот пристап до храна, изложувајќи ги на штетни хемикалии и слабеејќи го нивниот имунолошки систем.

Во исто време, пчелите значително придонесуваат за ублажување на климатските промени, но и за зачувување на животната средина. Поради оваа причина, исклучително е важно да се подигне свеста за важноста на опрашувачите, нивниот придонес за одржливиот развој и заканите со кои се соочуваат, предупредуваат од Обединетите нации.

Зошто баш денес?
Од илјадниците досега познати видови пчели, само мал процент се медоносни пчели. Најмногу има солитарни пчели, попознати како „пчели ѕидари“, бидејќи гнездата ги градат со кал, каде потоа внесуваат полен и нектар и несат јајца, а потоа ги затвораат гнездата. Меѓутоа, поради урбанизацијата и употребата на нови видови градежни материјали, тие ги губат своите живеалишта и нивниот број во светот се намалува.

Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 20 мај за Светски ден на пчелата на предлог на Словенците, бидејќи на тој ден во 1734 година е роден Антон Јанша, пионерот на современото пчеларство.

Како да ги заштитиме?
Изградете хотел за пчели: Бројот на пчели постојано се намалува поради човечкото влијание. За да привлечете пчели и други важни опрашувачи во вашата градина, им давате нешто важно за возврат. За почеток, креирајте сместување за нив.

Првото нешто што ќе треба да го направите е да го дизајнирате хотелот. Може да биде едноставно и рустикално или сложено и фенси колку што сакате. Иако не постојат ограничувања во дизајнот, постојат некои основни правила што мора да ги следите кога градите куќа за пчелите, а основното е, тој да биде секогаш од необработено дрво.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поддржете ги локалните пчелари: Пчеларите се клучен фактор за одржување на бројот на пчелите, затоа поддржете ги со купување производи. Во исто време, купувањето на локалните пазари не е нужно гаранција за квалитетот на медот, а чистиот мед мора да има мазна текстура без грутки и без остри кристали.

Засадете медоносни цвеќиња: Без разлика дали живеете во град или на село, можете да им помогнете на пчелите со садење медоносни цвеќиња. На пример, засадете лаванда, висибаба, невен или шафран на прозорецот. Во исто време, не треба да се грижите дека ќе се соберат „премногу“ пчели и да се плашите да ќе бидете искасани. Вредните пчели нема да се задржуваат долго, ниту ќе се групираат околу такви цвеќиња.

Избегнувајте употреба на штетни хемикалии: Како што претходно истакнавме, употребата на пестициди има исклучително штетно влијание врз пчелите. Органското и еколошкото земјоделство е единствената форма на земјоделство што не им штети и не ги убива пчелите. Прекумерната употреба на пестициди доведува до смрт на пчелите на растенијата кои не можат да живеат без нив. Внимавајте кога и со што ги третирате вашите растенија.

Бидете гласни: ширете ги зборовите за важноста на пчелите бидејќи можете да влијаете на вашата околина и да направите разлика. Предупредете ги пријателите и семејството и на вашите социјални мрежи нагласете ја важноста на овие вредници, без кои не би постоеле ни ние.