Како влијае тиквата на дијабетесот и нивото на инсулин во крвта

381

Пулпата или „месото“ од тиква содржи малку маснотии, но и голем број витамини, минерали и фитохемикалии, а слично како и другите зеленчуци со светли бои, тиквата е одличен извор на каротеноиди.

Пулпата или „месото“ на тиквата содржи неколку состојки кои имаат антидијабетично, антигабично, антибактериско, антиинфламаторно, хипотензивно и антиоксидантно дејство. Жолтата тиква е зеленчук кој припаѓа на семејството Cucurbitaceae, кое освен тиква вклучува краставица, диња и лубеница. Тиквите доаѓаат во различни облици и големини, со густа и мазна надворешна кора и месеста, влакнеста пулпа внатре, таканареченото „месо“, кое варира од жолта до портокалова или црвеникава боја.

„Месото“ од тиква содржи малку масти и голем број витамини и минерали

Месото од тиква е многу добар извор на витамин Ц, неопходен за зараснување на раните, формирање на колаген и апсорпција на железо, а содржи многу витамини Б, кои произведуваат енергија, како и диетални влакна. Тиквите се исто така добар извор на пиридоксин (витамин Б6), кој е вклучен во метаболизмот на амино киселините, гликозата и липидите и формирањето на црвените крвни зрнца и ниацин (витамин Б3), кој помага во претворањето на јаглехидратите во гликоза и ги метаболизира мастите и протеините.

Плодот од тиква има малку масти и содржи голем број на витамини, минерали и фитохемикалии. Слично на другите зеленчуци со светли бои, тиквата е одличен извор на каротеноиди, вклучувајќи лутеин, бета-криптоксантин, алфа-каротин и бета-каротин. Бета-каротинот, витален антиоксидант и „предок“ на витаминот А, го одржува здравјето и функцијата на коските, кожата, слузокожата и видот. Зеленчукот богат со каротен покажал заштитни ефекти против ракот, особено ракот на белите дробови, а исто така може да помогне во спречување на дијабетес тип 2. Покрај тоа, „месото“ од тиква содржи гама-аминобутерна киселина (ГАБА), невротрансмитер поврзан со намалување на анксиозноста.

Како месото од тиква влијае на развојот на дијабетес?
Некои од биоактивните соединенија во месото од тиква кои нудат корисни ефекти врз здравјето се полисахариди, пара-аминобензоева киселина, фитостероли (бета-ситостерол, ситостанол и авенастерол), протеини, пептиди и лигнани. Полисахаридите врзани со протеини го зголемуваат нивото на инсулин, го намалуваат нивото на гликоза во крвта и ја зголемуваат толеранцијата на гликоза. Истражувачите веруваат дека овие ефекти може да се поврзани со антиоксидантните активности кои го спречуваат уништувањето на бета клетките на панкреасот. Затоа, полисахаридите во тиквата може да играат улога во спречувањето на развојот и прогресијата на дијабетесот.

Што е поздраво – семките од тиква или пулпата?
Познато е дека семките од тиква се богати со протеини и минерали, вклучувајќи магнезиум, калиум, натриум, цинк, бакар, селен и хром. Семките од тиква покажаа антимикробни активности со широк спектар кои се припишуваат на специфични пептиди и протеини во семето. Семките од тиква содржат корисни соединенија вклучувајќи полинезаситени масни киселини, сите 9 есенцијални амино киселини и витални микронутриенти. Линолеинската киселина (омега-6) и линоленската киселина (омега-3), масни киселини присутни во семките од тиква, помагаат да се намали производството на инфламаторни производи. Триптофанот, една од 9-те есенцијални амино киселини присутни во тиквата, се претвора во серотонин, невротрансмитер кој го подобрува расположението и ги ублажува анксиозноста и депресијата.

Се смета дека семките од тиква со малку маснотии и многу протеини имаат многу поголем терапевтски потенцијал од пулпата од тиква. Тековните медицински истражувања за здравствените придобивки од тиквата во голема мера се фокусираат на ефектите од семките од тиква. Истражувањата покажаа дека семките од тиква имаат терапевтски потенцијал за голем број состојби – инфекции на уринарниот тракт, хипертензија, дијабетес и микробни инфекции. Исхраната која вклучува висок внес на соединенија од семките од тиква се поврзува со помал ризик од рак на желудникот, рак на дојка, рак на белите дробови и колоректален карцином.