Како влијае тиквата на нивото на шеќер во крвта? Колку тиква дневно смее да јаде лице со дијабетес?

Фото: Pixabay
287

Тиквата има висок гликемиски индекс, но ниско гликемиско оптоварување, што значи дека луѓето со дијабетес мора да водат сметка колку од овој зеленчук смеат да јадат дневно, но и во кој облик


Тиквата е една од омилените намирници за јадење во есенските месеци, не само затоа што е достапна за секого, туку и поради добриот вкус и многу хранливи материи.

Дали ова есенско овошје е безбедно за луѓето со дијабетес?

Разбирањето како одредена храна како тиквата влијае на шеќерот во крвта е особено важно ако некој има дијабетес.

Ако некое лице живее со оваа состојба, важно е да го контролира нивото на шеќер во крвта бидејќи тоа може да помогне да се спречат компликации поврзани со дијабетес, како што се оштетување на нервите, срцеви заболувања, проблеми со видот, инфекции на кожата и проблеми со бубрезите.

Како тиквата влијае на шеќерот во крвта?

Гликемиското оптоварување (GL) е систем за рангирање на храна богата со јаглени хидрати.

Го покажува бројот на јаглехидрати во една порција храна и до кој степен таа храна го зголемува нивото на шеќер во крвта. Гликемиското оптоварување помало од 10 покажува дека одредена намирница има мало влијание врз шеќерот во крвта.

Од друга страна, гликемискиот индекс (ГИ) е скала од 0 до 100 која покажува до кој степен храната може да предизвика зголемување на нивото на шеќер во крвта.

Поголемите бројки значат дека храната ќе предизвика поголем скок на шеќерот во крвта.

Сепак, ГИ не ја зема предвид содржината на јаглени хидрати во дадена големина на порција на храната.

Значи, гликемиското оптоварување е подобра проценка за тоа колку реална порција од одредена храна ќе влијае на шеќерот во крвта.

Тиквата има висок гликемиски индекс – 75, но ниско гликемиско оптоварување – 8.

Тоа значи дека додека јадеме една порција тиква (околу 250 г) или помалку, тоа не треба значително да влијае на нивото на шеќер во крвта.

Меѓутоа, конзумирањето големи количини на тиква може драстично да го зголеми нивото на шеќер во крвта.

Тиквата има многу потенцијални придобивки специфични за луѓето со дијабетес

Истражувањата покажуваат дека тиквата може да има многу потенцијални придобивки специфични за луѓето со дијабетес.

Студија на животни од 2009 година покажала дека соединенијата во тиквата можат да ја подобрат отпорноста на инсулин кај глувците со дијабетес со природно зголемување на производството на инсулин.

Истражувањата покажуваат присуство на јаглени хидрати наречени полисахариди и соединение наречено пуерарин кои го регулираат шеќерот во крвта, а високото ниво на влакна во тиквата ја намалува стапката на варење, а со тоа и шеќерот кој постепено се ослободува во телото.

Исто така, семките од тиква имаат висока содржина на магнезиум и се корисни за намалување на нивото на гликоза во крвта.

Покрај сите овие придобивки, тиквата е богат извор на витамин Е, кој го зајакнува имунитетот, витамин А, кој го подобрува видот и е добар антиоксидант, кој му користи на телото со тоа што ги исфрла токсините и ја одржува кожата здрава.

За што треба да се води сметка?


Лекарите истакнуваат дека прекумерното консумирање на што било може да биде штетно за здравјето.

Значи, ако некое лице јаде многу тиква одеднаш, тоа може да предизвика ненадеен скок на инсулин, што може да биде штетно за здравјето и, на пример, да предизвика запек.
Згора на тоа, тиквата е популарна храна за правење десерти, па затоа е важно дијабетичарите да внимаваат во која форма ја консумираат, бидејќи количината и формата се клучните фактори кои можат да ја направат тиквата од здрава и корисна до штетна за здравјето.

Нутриционистите советуваат дека е најдобро тиквата да се јаде во форма на супа, печена, зготвена на пареа, наместо како слатка пита или колач.