Ако не сте знаеле, густите салати од грав обично се полни со наут, краставици, пиперки, црвен кромид, шери или сушени домати, фета сирење и свежи билки како магдонос и коријандер.
Кога мислите на салати, состојките како лиснат зеленчук и шери домати веројатно прво ви паѓаат на ум, но благодарение на трендот на густа салата со грав на Тик-Ток, можеби веќе ја менувате сликата за салата во вашата глава.
Салатите не мора секогаш да вклучуваат зелен лиснат зеленчук, како млад спанаќ или кељ за да бидат богати со хранливи материи.
Ако не сте знаеле, густите салати од грав обично се полни со наут, краставици, пиперки, црвен кромид, шери или сушени домати, фета сирење и свежи билки како магдонос и коријандер.
Зеленчукот се сечка на мали парчиња со големина на залак, па салатата можете лесно да ја спакувате во мали лепчиња, да ја ставите на парче бесквасен леб или едноставно да ја јадете сама за себе без никакви додатоци, пишува Well+Good.
„Општо земено, изразот „густа“ значи дека е без зелен лиснат зеленчук“, објаснува Аби Гелман, нутриционистка и готвачка.
Ова им овозможува на луѓето да ги комбинираат состојките што им се допаѓаат, како грав, зеленчук и сирење и да го надополнат сето тоа со прелив на база на оцет.
„Можете да ја чувате оваа салата во фрижидер неколку дена, каде што ќе се маринира и ќе продолжи да ослободува вкусови (за разлика од зелената салата и другиот зеленчук што ќе венеат или ќе се расипат со текот на времето ако ги прелиеме со прелив на база на оцет)“, додава таа.
Но, сега, кога официјално е есен, можеби се прашувате како да вклучите повеќе есенски сезонски состојки во вашата обилна грав салата.
Диететичарката Гелман сподели неколку совети за есенската храна што можете да ја додадете за да ја збогатите оваа салата и објасни зошто овој тренд на густо грав салати е добар.
Што е толку добро во густите грав салати?
Бидејќи основата на оваа вирална салата е грав, добивате многу растителни протеини и влакна. Бонус е тоа што конзервираниот грав е многу лесно достапен.
„Гравот е одличен растителен протеин, а содржи и влакна и хранливи материи како магнезиум и железо од растително потекло. Исто така содржи и сложени јаглехидрати и навистина ја засилува хранливоста и вкусот на повеќето јадења“, вели Гелман.
„Шери доматите и краставиците се генерално омилен зеленчук. Тие се исто така достапни, лесно се наоѓаат и богати се со хранливи материи“, додава таа.
Освен тоа, состојките како што е фета сирењето ѝ даваат на салатата солен, задоволувачки вкус и многу протеини. Конечно, преливите со оцет, масло и сенф ви помагаат да ги апсорбирате сите хранливи материи во вашата салата (мастите помагаат да ги апсорбирате антиоксидантите, според студијата Molecules од април 2019 година) и да го подобрите вкусот.
Убавината на овие салати е во тоа што можете да ги направите со какви било состојки што ги имате при рака и со какви било вкусови што ги преферирате.
На пример, еден од корисниците на Тик-Ток @violet.cooks (чии видеа собраа повеќе од 2 милиони следбеници) направи верзија на салата со пилешко на скара, маринирана фета и маслинки, бел грав, наут, пиперки и нејзиниот чимичури сос од магдонос, коријандер, мелен црвен пипер и маслиново масло.
„Како што споменавме погоре, овие „густи“ салати немаат никакви состојки – како зелена салата – што ќе венеат или што не можат да седат подолго во фрижидер со преливот. Овие видови салати се практични бидејќи можете да планирате оброк однапред, но и да додадете во нив што сакате!“ вели Гелман.
Есенски состојки кои треба да ги додадете во вашите густи салати со грав
Диететичарката Гелман препорачува да ги додадете следните состојки во оваа мешана салата:
Печена тиква
Печени компири или слатки компири
Кисел црвен кромид
Јаболка
Круши
Јаткасти плодови и семки, како што се семките од тиква
„Препорачувам да ги исечете и додадете јаболката и крушите непосредно пред јадење за да не оксидираат и да не станат кафеави“, вели таа.
Исто така, препорачува тостирани ореви и семиња за подлабок, побогат вкус.
„Јаткастите плодови и семките содржат здрави масти, влакна и хранливи материи, како витамин Е и магнезиум. Тие исто така додаваат текстура на оброкот, во кој многу луѓе уживаат“, забележува таа.