Ќе готвам, ама сарми не виткам

160

Кога ќе ви донесат свежи, тукушто набрани листови од лоза, греота е да не направиш нешто. Ама нешто брзо и лесно, наместо виткање сармички

Нема ништо поубаво од веге сармички од лозов лист, ама кога немате трпение да ги виткате тие мали нежни ливченца за да заличат на нешто, тогаш може и оваа супер брза варијанта.

Да, зборуваме за растурена сарма од лозов лист.

Се прави за пола саат, а вкусна е …мммм, исто како да јадете малечки сармички од лозов лист (колку што е исто како да јадеш големо чоколадо со лешници и чоколешник кашичка).

Прво, лозовите листови ги попарувате со врела вода и потоа ги цедите.

Го подготвувате филот од кромид, моркови, тиквичка и ориз со многу, многу копар, малку чили, сол и црн пипер.

И редите во тава: ред листови, па филот, па пак листови и најгоре тркалца свежи домати.

Сѐ во рерна околу 20 минути и имате супер веге ручек кој е уште повкусен ако го јадете со кисело млеко или со павлака.