Кое кафе има повеќе кофеин? Дали инстант кафето е здраво?

Фото: Pexels
3.381

Некои познавачи на кафето можеби гледаат со презир на инстант кафето, но многу луѓе ширум светот го сакаат и го користат како нивна омилена форма на кафе. Дури и ако го користите само за кампување поради едноставниот начин на кој се подготвува, може да се запрашате дали е помалку здраво од вареното кафе. Во оваа статија, дознајте како се прави инстант кафето, како се разликува од свареното кафе и дали е добро за вас или не.

Инстант кафето, познато и како растворливо кафе, е погодна алтернатива на свареното кафе: едноставно го додавате во топла вода и мешате додека не се раствори. Инстант кафето обично се произведува со еден од двата методи: сушење со прскање или сушење со замрзнување, според ScienceDirect.

При сушење со замрзнување, кафето се вари додека не се кондензира во екстракт. Екстрактот потоа се замрзнува за да се формира тенок слој и се разложува на гранули. Замрзнатите гранули потоа се сублимираат за да се отстрани течноста.

Во вториот метод, сушење со прскање, свареното кафе се распрснува во топол и сув воздух. Како што паѓа кафето, водата испарува, формирајќи мали кристали на инстант кафе.

Продавниците продаваат инстант кафе во гранули или во пакување за една шолја.

Инстант кафе наспроти обично кафе
Постојат неколку начини на кои инстант кафето и обичното кафе се разликуваат и неколку на кои се слични.

Инстант и обичното кафе имаат речиси идентичен прехранбен профил. Разликите се толку мали што веројатно се занемарливи во здравствен смисол, освен во однос на содржината на кофеин.

Една шолја инстант кафе има околу 62 милиграми кофеин, додека шолја обично варено кафе има 96 милиграми кофеин. Меленото кафе содржи повеќе кофеин отколку инстант кафето заради зголемената обработката потребна за правење на инстант кафето, при што тоа губи повеќе кофеин.

Здравствени придобивки
Инстант кафето и обичното кафе имаат слични здравствени придобивки и потенцијални ризици. Според експерти, и двете се добри извори на антиоксиданти и се поврзани со голем број здравствени придобивки, вклучително и намален ризик од дијабетес тип 2, срцеви заболувања, рак на црниот дроб, Паркинсонова болест и депресија. И двете форми на кафе можат да ја зголемат будноста, енергијата и концентрацијата.

Иако ќе добиете антиоксиданти од двата вида кафе, некои студии сугерираат дека одредени корисни соединенија, како што е хлорогената киселина (моќен антиоксидант), може да бидат пониски во инстант кафето поради методите на обработка. Значи, ќе добиете антиоксиданти од двата вида, но може да добиете помалку од инстант кафето.

Исто така, една стандардна шолја инстант кафе содржи само 7 калории и мали количини калиум, магнезиум и ниацин (витамин Б3).

Инстант кафето содржи повеќе акриламид
Акриламидот е штетна хемикалија која настанува при пржењето на зрната кафе. Оваа хемикалија исто така често се наоѓа во широк спектар на храна, во чадот, производи за домаќинство и производи за лична нега.

Интересно е што инстант кафето може да содржи до два пати повеќе акриламид отколку свежото, пржено кафе.

Прекумерното изложување на акриламид може да ги оштети жолчните канали и да го зголеми ризикот од рак.

Сепак, количината на акриламид на која сте изложени преку храната и кафето е многу помала од количината за која се покажало дека е штетна. Затоа, пиењето на инстант кафе не треба да предизвикува загриженост во врска со изложеноста на акриламид.

За придобивките

Бидејќи инстант кафето ги содржи речиси истите антиоксиданти и хранливи материи како и обичното кафе, би требало да ги има и повеќето исти здравствени ефекти.

Пиењето инстант кафе ја подобрува работата на мозокот.

Содржината на кофеин може да ја подобри функцијата на мозокот.

Пиењето инстант кафе го поттикнува метаболизмот.

Кофеинот може да го поттикне вашиот метаболизам и да ви помогне да согорите повеќе маснотии.

Пиењето инстант кафе го намалува ризикот од болести. Кафето може да го намали ризикот од невродегенеративни заболувања, како што се Алцхајмеровата и Паркинсиновата болест.

Го намалува ризикот од дијабетес. Кафето може да го намали ризикот од развој на дијабетес тип 2.

Го поттикнува здравјето на црниот дроб. Кафето и кофеинот можат да го намалат ризикот од заболувања на црниот дроб, како што е цироза и рак.

И конечно, пиењето кафе може да ви помогне да живеете подолго.

Сите гореспоменати предности и недостатоци се однесуваат на обичното инстант кафе без млеко и шеќер.

Ако се одлучите за што било со вкус, ќе имате работа со адитиви кои можат да имаат здравствени ризици или барем вишок калории. Тоа вклучува шеќер, млеко во прав, вештачки ароми, па дури и палмино масло.

Ако сакате да знаете колку кафе треба да пиете, консумирањето 3-5 шолји кафе секој ден би можело да биде оптимално.