Кога од обични намирници ќе направите највкусен оброк

149

Од млада домаќинка со уметничко педигре е очекувано, но сепак вредно за споделување. Како од една обична паста да направите брз и фантастичен оброк. И на изглед и на вкус

Скопјанката Јана Русевска имавме можност да ја запознаеме и преку нејзините уметнички дела, ама и преку едноставните, брзи и секогаш уникатно сервирани јадења.

Ќе речете, ех, тестенини, големо чудо. Ама кога ќе ви ги сервираат вака, имате и помалку грижа на совест зашто јадете тесто на овие горештини, а имате и навистина поздрав оброк.

Освен тоа, сѐ е тоа готово многу брзо, а наместо сос, снаодливата млада домаќинка, само добро ја зачинила киселата павлака, во која додала само една лажичка мајонез, копар и кари.

Другото е очигледно: брокула, рукола, босилек и моцарела.

Ем сите сити, ем подмирени со сѐ што треба покрај јаглените хидрати од тестенините.

А да, како прилог можете и салата од млада боранија со магдонос, лук, маслиново масло и балсамико.