Кога штркот ќе засади пченка… Кој ќе ги набере плодовите од штрковото гнездо?

Фото: Кликни.хр
159

Гнездото и пченката кои се наоѓаат недалеку од општинската зграда во едно место во Хрватска, станаа вистински хит на Интернет

Оваа интересна сцена е во едно место во населбата Велико Тројство во Хрватска и го привлекува вниманието на минувачите. Имено, веќе извесно време тие се воодушевуваат на агрономската вештина на штркот кој успешно засадил пченка во своето гнездо.
Гнездото и пченката, како што пишуваат медиумите, се наоѓаат недалеку од зградата на општината и етно куќата на патот кон Мишулиновац и Мало Тројство.

Пченката одлично расте, а штрковите го напуштиле гнездото, па веројатно нема да има кој да ја набере.

Оваа несекојдневна и необична сцена ги воодушевила жителите на ова гратче, но брзо станала хит и на интернет.

Извор: Кликни.хр