Нутриционистите велат не чинело, ама вкусно е пустото…

329

Оние летни појадоци кога комбинираме лубеница, диња или некое друго овошје со леб и путер, според нутриционистите, не е баш добра идеја. Арно ама…

Појадоците како овој, кога се комбинираат летните овошни плодови со леб и путер, им се омилени на многумина. Па уште и кога ќе си додадат сиренце или кашкавал, вистинска убавина.

На пример, лубеница и сирење, праски и домати, ама и диња и кашкавал.

Можеби не е добра комбинација за нашето здравје, ама не е добра ни скарата, па сите ја јадат, нели?

Зошто тогаш да не си дозволиме ние, кои не јадеме месо во ниту една варијанта, едно вакво уживање?

Ако сакате комбинации на слатко и солено, испробајте ја и оваа комбинација: варено јајце, парче кашкавал, диња, леб, путер и некое домашно слатко.

Впрочем, ќе процените сами дали ви пречи или не…