Кои јадења се јадат со раце, дури и кога сте во ресторан?

Фото: Pexels
4.008

Советот на крајот од овој текст, оној дека за време на оброкот не треба да го користите телефонот на кој било начин бидејќи е тоа навредливо за другите на масата, а и не е хигиенски, е секако еден од најважните. Такашто, откако ќе ја фотографирате храната, а тоа е денес речиси задолжителна увертира во секое јадење, приберете си го телефонот и уживајте во храната што се јаде со прсти дури и кога сте во ресторан

Дури и во ресторан е во ред да се јаде со раце, иако тоа не важи за сите јадења.

На пример, ако јадете ракчиња, слободно оставете го приборот, пишува британскиот водич Debrett’s. Слободно јадете риба, школки, ракови со прстите, но салфетите нека бидат близу до вас. Избришете се по речиси секој залак, советува гастрономскиот водич.

Со прсти се јадат и сендвичи, пилешки и жабји копани, пица.

Дури и кога јадете со прстите, бидете пристојни, па можете првин, на пример, да ги исечете на мали залчиња кои потоа ќе ги јадете со рацете. Исто така, можете да го земете залакот прво со вилушка, а потоа да го симнете од неа со прстите и да го ставите во уста.

Без разлика дали јадете со прсти или не, седете исправено на масата и трпеливо чекајте да се излади храната.

Храната од лицето бришете ја само со салфета, никогаш со рацете. Не ги лижете прстите.

Секако, ако не сакате, немате никогаш обврска да јадете со прсти, дури и кога тоа го прават сите други на масата.

И за крај, не треба да го чувате мобилниот телефон на масата покрај вашата чинија, дури и ако очекувате важен повик. За време на вечера или ручек, не треба да го користите телефонот на кој било начин, тоа е навредливо за другите на масата бидејќи може да значи дека ви е здодевно со нив, па затоа ви треба друштво што го „криете“ во својот телефонски именик. А исто така, не ниту хигиенски.

Сепак, слободно фотографирајте ја храната пред да почнете да јадете (може ли без тоа?!), а потоа приберете си го телефонот во чантата или во џебот и уживајте со сите сетила во овие вкусни нешта за кои пишувавме, дури и кога сте во ресторан.