Кои се најопасните конзерванси во храната?

Фото: Freepik
411

Емулгаторите се адитиви кои се додаваат во индустриски произведената храна, со цел да се добие производ со атрактивен изглед, вкус и издржливост. Некои од нив се сметаат за потенцијални агенси кои предизвикуваат рак, како што е Е330, кој се наоѓа во сенфот, омилените безалкохолни пијалаци, некои сирења, а на списокот на канцерогени исто така се и E110, 131, 142, 210, 211, 213, 214, 215, 216, 217, 239.

Здравата исхрана е една од темите на кои најмногу се зборува – што да се консумира, што целосно да се елиминира од менито и зошто. Но она што треба сите да го научиме ако водиме сметка за здравјето е читањето на етикетите, односно, значењето на буквите и бројките со кои се означени адитивите.

Емулгаторите се адитиви кои се додаваат во индустриски произведената храна, со цел да се добие производ со атрактивен изглед, вкус и издржливост. На пакувањето на производот, таквите адитиви се означени со буквата Е и нумеричка шифра која е единствена низ целиот свет, а одобрението дека некој адитив може да се користи го издава Светската здравствена организација.

Листата на адитиви вклучува бои, кои се користат за подобрување на визуелниот изглед на храната, конзерванси, антиоксиданти, стабилизатори, киселини, средства против згрутчување, засилувачи на вкус, засладувачи…

Иако некои емулгатори се безопасни, па дури и корисни, има и други кои можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.

Таков, на пример, е Е123, за кој е утврдено дека е токсичен, а во САД е и забранет. Може да го има во гумените бонбони, пудингот со шлаг во пластични чаши, замрзната риба, топени сирења за мачкање…

„Сомнителни“ се E125, 141, 150, 153, 171, 172, 173, 240, 241, а опасни се E102, 120, 124. Емулгаторите 220, 221, 232, 224, можат да предизвикаат проблеми со цревата, а 338, 339, 340, 341, 450, 461, 463, 465, 466, проблеми со варењето. Луѓето склони кон кожни болести особено треба да избегнуваат производи кои содржат Е230, 231, 232, 233, оние кои имаат проблем со висок холестерол Е320 и 321, додека Е311 и 312 го зголемуваат притисокот.

Некои емулгатори исто така се сметаат за потенцијални агенси кои предизвикуваат рак, како што е Е330, кој се наоѓа во сенфот, омилените безалкохолни пијалаци, некои сирења, а на списокот на канцерогени исто така се и E110, 131, 142, 210, 211, 213, 214, 215, 216, 217, 239.

Од друга страна, зад шифрата Е300 стои витамин Ц, Е306 е витамин Е…

Сè повеќе луѓе бараат органска храна, читајќи ги етикетите на производите што ги купуваат – сакаат да знаат што содржи храната и се прашуваат што е Е209 или Е216.

Ќе видиме што значат сите овие ознаки Е во храната, или барем некои од конзервансите што треба да ги избегнуваме. Со што нè снабдуваат и со што ни штетат на кој било начин и кои се најопасните конзерванси за храна се прашања кои можеби си ги поставуваат сите. Сите видови на конзерванси, бои, засилувачи итн. во храната можат да бидат штетни, иако производителите често се обидуваат да не убедат дека не се штетни, туку напротив – корисни.

Кратка листа на конзервансите кои претставуваат ризик за нашето здравје

Конзервансите се означени на етикетите со буквата Е и број по нив. Всушност, ако ги земеме предвид само конзервансите, мора да кажеме дека тие се сместени од E200 до E290. А бидејќи се работи за многу видови на конзерванси, ќе ги погледнеме оние кои се всушност опасни и претставуваат ризик за нашето здравје:
Следниве конзерванси се канцерогени – од E210 до E217 (содржани главно во сокови, газирани и освежувачки пијалаци, паштети со зачинет вкус), како и E240, E249;

Од E230 до E233 – тоа се конзерванси, кои можат да ја иритираат вашата кожа и да предизвикаат проблеми со кожата, а се користат главно за земјоделски цели. Истите овие додатоци (плус Е239) исто така може да предизвикаат алергиска реакција. E233, исто така, доведува до дебелина.

Ако сте хипертензивни, треба да бидете внимателни со храна која содржи конзерванси Е250, Е252 и Е254. Е250 најчесто се наоѓа во колбасите и виршлите – овој додаток е канцероген и производите што го содржат овој конзерванс се забранети во некои земји.

Многу од овие конзерванси се забранети во Австралија. За да бидеме малку појасни – оние конзерванси за кои не се знае дали предизвикале некакви ефекти се – од E201, E202, E203, E234 (содржани во доматната паста како и во пивото), E260 (се користи во кисели краставички), E262.

Оние кои е добро да се избегнуваат се – од E210 до E217, E220, E226, E227, од E236 до E239, E250, E252.

Подолу е целосната листа на дозволени и штетни емулгатори со здравствените проблеми кои можат да ги предизвикаат.

Додатоци кои не се штетни
E100, 101, 103, 104, 105, 111, 121, 130, 132, 140, 151, 152, 160, 161, 162, 170, 174, 175, 180,23,20 , 238, 260, 261, 263, 270, 280, 281, 282, 290, 300, 301, 303, 305, 306, 307, 308, 309, 322, 323,33,32 , 335, 336, 337, 382, ​​400, 401, 402, 403, 404, 405, 406, 408, 410, 411, 413, 414. 475, 480.

Опасни адитиви
Обрнете посебно внимание на E123, но и на E102 и E110 во готови сосови од различни видови.

Конзерванси

Е210 – астма, невролошки потешкотии, хиперактивност кај деца
Е211 – астма
Е216 – алергии

Е218 – кожни алергии
Е220 – астма, го уништува витаминот Б1
E235 – гадење, повраќање, дијареа, иритација на кожата, анорексија
E249 – нарушување на преносот на кислород, главоболки, слаба концентрација, тешкотии со дишењето
Е250 – потенцијален канцероген, создава нитрозамини во желудникот, хиперактивност кај децата
Е251 – се претвора во нитрит во телото

Е252 – хиперактивност, потенцијално канцероген, слабокрвност, штетен за бубрезите, забранет во некои земји
Е261 – треба да избегнуваат луѓе со оштетување на бубрезите
E264 – гадење, повраќање
Е280 – предизвикува мигрена
Е281 – предизвикува мигрена
Е290 – го зголемува ефектот на алкохолот

Антиоксиданти

Е302 – предизвикува формирање на камења во стомакот
E310 – иритација на желудникот и кожата
E319 – гадење, повраќање, делириум, смртоносна доза е 5 г
Е320 – алергии, хиперактивност
Е325 – треба да го избегнуваат деца со нетолеранција на лактоза

Е339 – ја нарушува рамнотежата помеѓу калциумот и фосфорот
E363 – забранет во некои земји
E370 – забранет во некои земји
Е375 – штетен за црниот дроб, го зголемува нивото на урична киселина, гастритис
Е380 – лош за црниот дроб и желудникот
E385 – забранет во некои земји

Стабилизатори

Е407 – предизвикува чир
E412 – гадење, грчеви во стомакот, го намалува нивото на холестерол
Е413 – предизвикува алергии
E414 – иритација на слузокожата, алерген
Е416 – можни алергии

E420 – штетен за желудникот, недозволен за детска храна
E421 – дијареа, гадење, повраќање, лош за бубрезите
E432 – забранет во некои земји
Е450 – го нарушува водениот баланс во телото
E461 – гасови, опструкција на тенкото црево
E463 – забранет во некои земји

Средства против згрутчување

Е503 – ја иритира слузокожата
E508 – стомачни проблеми
Е510 – треба да избегнуваат луѓе со болни бубрези и црн дроб
E513 – забранет во некои земји
E514 – го нарушува водениот баланс во телото

Е553 – може да предизвика рак на желудникот
E554 – потешкотии со плацентата за време на бременост, Алцхајмерова болест

Ароматици

E620 – нека го избегнуваат деца
E621 – главоболка, жед, вртоглавица, грчеви во стомакот, дијареа, аритмија, забрането во производи за деца
E622 – гадење, повраќање, дијареа
Е626 – може да предизвика гихт
E627 – може да предизвика гихт, забранет во производи за деца
Е629 – може да предизвика гихт
E631 – може да предизвика гихт
E633 – може да предизвика гихт
E635 – може да предизвика промени на кожата, забранет во многу земји

Засладувачи

Е905 – можен рак на дигестивниот тракт
E907 – забранет во некои земји
E924 – гадење, повраќање, дијареа
Е925 – канцероген, ја уништува биолошката вредност на храната
E927 – забранет во некои земји
Е950 – е меѓу најопасните адитиви, лошо влијае на тироидната жлезда
E951 – алергии, мигрена, вртоглавица, пореметување на видот, слухот и вкусот, го нарушува помнењето, депресија, причина за некои дегенеративни заболувања (мултиплекс склероза, Паркинсонова болест), хормонски нарушувања
E952 – мигрена, потенцијално канцерогена, забранет во САД и Англија
Е954 – предизвикува рак кај животните
Е967 – камен во бубрег, диуретик
E1505 – се метаболизира во етанол
E1520 – може да предизвика срцев удар, лошо влијае на нервниот систем, дерматитис