Кокосовата салама мора да се најде на празничната трпеза

Фото: Pexels
313

Кокос ролатот е еден од оние премногу добри рецепти што не вклучуваат палење на рерната. Готов е за кратко време, а добро ќе се вклопи на празничното мени

Ролатот од кокос не е ништо ново, но во последно време како да си ја врати популарноста на празничната трпеза па без него не можеме да ја замислиме чинијата со колачи. Списокот на состојки е краток и достапен, а процесот на подготовка е исклучително едноставен.

Најважно од сѐ, не го сечете пред да се излади.

Ролат од кокос
Состојки – за чоколадниот дел:

300 гр мелени бисквити
200 гр шеќер во прав
10 лажици врело сварено кафе
1 лажица темен рум
50 гр рендано чоколадо
1 лажица какао

Состојки – за крем од кокос:

5 супени лажици врела вода
100 гр шеќер во прав
100 гр кокосово брашно
100 гр путер

Приготвување:

Прво измешајте ги мелените бисквити, шеќерот, какаото и ренданото чоколадо, па прелијте ги со рум и топло кафе. Добро измешајте додека состојките не се соединат во изедначена смеса.
Подгответе го кремот. Измешајте путер со шеќер во мека смеса. Кокосовото брашно прелијте го со топла вода, убаво измешајте, па додадете го во путерот и шеќерот и мешајте додека не се соединат состојките.
Темниот дел од саламата расукајте го меѓу два листа хартија за печење. Рамномерно премачкајте го со крем од кокос и убаво завиткајте го во ролат.
Покријте ја саламата со пластична фолија и ставете ја во фрижидер најмалку 4 часа, по можност преку ноќ.
Исечете ја саламата кога ќе се излади и чувајте ја во фрижидер.