Кокосовото масло е добро е за кожата, ама не и во исхраната?!

Фото: Pixabay
272

После толку многу препораки ЗА користење на кокосово масло во исхраната, сега кардиолозите предупредуваат дека е тоа лошо за здравјето на срцето и дека го покачува холестеролот

Ако набрзина пребарате на интернет ќе најдете многу написи кои силно препорачуваат кокосово масло за сè, од подобрување на меморијата до подобрување на здравјето на срцето. Сепак, експертите од клиниката Мајо изразуваат загриженост и ги предупредуваат потрошувачите, особено во однос на здравјето на срцето. Иако кокосовото масло може да има корисни ефекти на кожата, тие препорачуваат внимателност кога го користите ова масло во вашата исхрана.

„Пред 40 години е спроведена студија која го истражуваше ефектот на различните намирници како путер, свинска маст, говедско и кокосово масло врз нивото на лошиот холестерол. Целта на истражувањето била да се утврди која храна има најголемо влијание на подигнување на нивото на лошиот холестерол. И погодете што? Тоа беше кокосовото масло“, вели кардиологот д-р Стивен Копецки од клиниката Мајо.
На прашањето како може растение да биде полошо од животинска маст, кардиологот објаснува дека иако кокосовото масло е од растително потекло, има висока содржина на заситени масти кои кога ги внесувате во организмот се претвораат во холестерол. Затоа, кардиологот препорачува избегнување на кокосовото масло, додека кокосовата вода и повремените снегулки во салати или десерти се прифатливи опции.
Д-р Копецки вели дека кокосовата вода е во ред за консумирање, исто како и повремено кокосови
снегулки на салата или на десерт. Но, дека треба да се избегнува кокосово масло.