Колку чаши вода има само во едно парче лубеница?

Фото: Pexels
742

Овошјето и зеленчукот, како и многу други намирници, содржат вода, која може да биде вклучена во препорачаниот дневен внес.


Едно парче лубеница е еквивалентно на една чаша вода. Ако изедете две парчиња лубеница, односно 380 грама, сметајте дека сте испиле две чаши вода.

Со други зборови, овошјето и зеленчукот, како и многу други намирници, содржат вода, која може да биде вклучена во препорачаниот дневен внес.

Овошјето и зеленчукот ни ги обезбедуваат потребните електролити, како што се калиумот и натриумот, кои ги губиме со потење. Токму затоа дневниот внес на вода зависи од вашата исхрана.

На пример, ако јадете поголеми количини на салата и овошје во споредба со различен тип на исхрана базирана на месо, нема да треба да консумирате толку многу вода на конвенционален начин.

Погледнете колкав процент на вода содржат некои од најпопуларните намирници:

тиквички 97,8%

Краставици 96,4%

диња 94,2%

лубеница 94%

Домат 93,4%

Млеко 87,6%

Кајсии 86,6%

праски 86,2%

зелена салата 84,5%

Модар патлиџан 81,8%

Боранија 80,5%

Грозје 79,3%

Јајца 74,8%

маслинки 68%

Пилешко 63,4%

Риба 60-65%

Говедско месо 55%