Колку се ефикасни домашните лекови за настинка?

Фото: Pexels
172

Гаргара со солен раствор, инхалации со чај, топла лимонада, пилешка супа,… Кои од познатите домашни лекови се навистина ефикасни?

Есента пристигна и многу луѓе деновиве веќе шмркаат и киваат. Ако фатите настинка или грип, веројатно ќе побарате соодветен лек.

Агенцијата dpa ги прашала научниците до кој степен се ефикасни во лекувањето на настинки и грип, познатите домашни „лекови“.

Лек: Смирување на болки во грлото со гаргара

Ефикасност: Делотворно

Гаргара со солен раствор или билни чаеви ја навлажнува слузницата, но само површно. „Воспалението на подлабокиот дел од слузницата на грлото останува недопрено“, тврди германскиот здравствен фонд SGesundheitswissen. Нема доволно научни докази дека гаргарањето помага во лекувањето на болки во грлото.

Но, може да ја намали болката. Истражувањата покажуваат дека солен раствор во спреј придонесува за подобрување на болно вирусно воспаление на грлото, покажуваат податоците на германскиот државен центар за здравствена едукација (BZgA).

Лек: Инхалирање на водена пареа за чистење на синусите

Ефикасност: Нејасно

Кога настинуваат, многу луѓе ја наведнуваат главата над сад со топла вода, што често е ефикасно. Вдишувањето на пареа помага за природно чистење на слузницата, а топлата пареа ја навлажнува, објаснува Германската здравствена фондација.

Истражувањата покажуваат дека иако симптомите не се подобруваат значително, вдишувањето топла пареа сигурно не ја влошува настинката, тврди Центарот за истражување Кокрајн.

Доколку имате намера да го пробате овој тип на домашно лекување, вдишувајте ја пареата на приближно 38 до 42 степени Целзиусови, советува БЗгА.

Лек: Топла лимонада за лекување на настинка

Ефикасност: Во одредени случаи

Свежите лимони содржат витамин Ц, кој му е потребен на вашиот имунолошки систем, тврди БЗга. Сепак, се советува само да се меша сокот од лимон со малку потопла вода, бидејќи во спротивно ќе се уништи витаминот кој е доста чувствителен на топла вода.

„Ефикасноста на овој домашен лек за настинка се уште не е потврдена“, тврди германски BZgA.

Лек: пилешка супа

Ефикасност: делува

Кога се болни, многу луѓе консумираат пилешка супа, која е докажано дека делува. Конзумирањето топла или врела пилешка супа ги проширува крвните садови и го подобрува протокот на крв кон ткивото, објаснила германската здравствена фондација.

„Генерално, топлите течности ги ослободуваат секретите и им помагаат подобро да се дренираат. Покрај тоа, според истражувањето на Универзитетот во Небраска, пилешката супа му обезбедува на телото клучни хранливи материи и има антиинфламаторно дејство.

Лек: Поттикнување на имунолошкиот систем со ѓумбир

Ефикасност: делува,

Ѓумбирот ја стимулира работата на имунолошкиот систем бидејќи дури и мали количини ги стимулираат белите крвни клетки во состојба на подготвеност, покажала студијата на Универзитетот во Лајбниц.

Ѓумбирот содржи многу медицински делотворни состојки, тврди Роман Хубер, директор на Универзитетскиот центар за натуропатија во Фрајбург. Според BZgA, содржи супстанции кои имаат антиинфламаторно дејство и ги штитат клетките на телото.