Колку што е летото безмилосно жешко, толку е дарежливо со храна
Да, да, секако, многу е жешко и никогаш не било пожешко, ама сепак мора да се јаде, нели?
Има ли период од годината кога помалку ви се јаде и помалку ви се готви од лето?
Се разбира дека нема. Впрочем, на вакви горештини никој не сака да стои покрај шпоретот или да минува долго време во кујна.
Но затоа има толку многу летни намирници кои толку брзо се прават што секој ден можете да имате вкусен, лесен и брз ручек.
На пример, како овој:
Ставете во садот малку маслиново масло па покријте го дното со парченца ситно сечкан црвен домат, зачинете го со малку сол и црн пипер и сечкано лукче, па ставете 2-3 парчиња бело сирење, потоа повторно ситно сечкани домати, па сечкани пиперки, па биено сирење, оригано и уште малку масло и ставете да се потпече.
Секако, потпечете и малку лепче на тостер и уживајте.