Иако има само 14 години, Бади веќе е добро упатен во кулинарскиот свет, а многумина мислат дека би можел да биде уште подобар во оваа работа од својот славен татко.
Познатиот готвач и автор на бестселери, Џејми Оливер, е горд татко на пет деца кои ги има со сопругата Џулс, со која е во брак 25 години, а се чини дека неговиот син Бади сериозно ги следи стапките на својот татко.
Во текот на викендот, Џејми сподели неколку фотографии на Инстаграм од снимањето на кулинарен ТВ проект во Есекс. На снимањето му се придружил 14-годишниот Бади
На една симпатична селфи фотографија, Бади се насмевнува покрај својот татко, облечен во црвена маица, додека Џејми кратко напишал: Моето момче.
Младиот готвач подоцна се појави и на стори на Инстаграм, кадешто се гледа како готви пред камерите, со морето во позадина.
– Да, моето момче готви вистинска гозба – додаде гордиот татко.
Џејми никогаш не криел дека неговиот син има природен талент за готвење. Во интервју за HELLO! тој откри:
– Бади обожава да готви, но е тинејџер и моментално ги истражува сите свои страсти, од мода и спорт до музика. Но, знам дека секогаш ќе му се враќа на готвењето. Тој има база на знаење и вештини што ќе траат цел живот.
Сè уште не е познато во кој проект ќе се појави Бади, но ова нема да биде негово телевизиско деби.
Претходно оваа година, тој се појави во епизода од серијата „Chef’s Table: Legends“, каде што подготвуваше полнети тестенини со својот татко на семејниот имот „Spains Hall“ вреден шест милиони фунти во Есекс. Пред тоа, младиот готвач водеше своја емисија, „Cooking Buddies“, на детскиот канал CBBC, во која ги учеше своите врсници како да готват.
Иако Бади сè уште живее со своите родители, Џејми и Џулс сè повеќе ја чувствуваат празнината во куќата. Нивните постари ќерки, Попи (23) и Дејзи (22), веќе го напуштија домот, додека дома се останати Петал (16) и најмладата Ривер (9).
Зборувајќи за промените, Џејми признава: „Сега е помалку хаотично дома, но не можам да кажам дека е потивко. Ни недостига таа врева, таа бучава. Знам дека Џулс го чувствува тоа особено.