Кожа од риба за лекување на изгореници: За пресадување е најдобра кожа од атлантскиот бакалар и од слатководната тилапија

Фото: Pexels
332

Бразилските научници долго време експериментираат со нов начин за лекување на тешки изгореници користејќи кожа од слатководната риба тилапија, а новите истражувања велат дека за ова е соодветна и кожата од бакалар од Атлантикот

Кога станува збор за тешки изгореници, лекарите традиционално прават кожни графтови земајќи кожа од друг дел од телото или од донор.

Меѓутоа, бразилските научници веќе долго време експериментираат со нов начин за лекување на тешки изгореници на пациентите, користејќи кожа на слатководната риба тилапија.

Истражувањата сугерираат дека кожата од рибата ја намалува болката, помага за заздравување и има низок ризик од несакани ефекти.

Експертите обработуваат графтови од кожа од риба во специјализирани лаборатории за да можат лекарите да ги користат за медицински третмани.

Откако ќе ја подготват областа, лекарот го отстранува графтот од пакувањето и го става на раната.

Лекарите користеле графтови од кожа од риба и за лекување на дијабетични рани и повреди на кожата, вклучително и оние кои се јавуваат по ампутација.

Каква е перспективата по трансплантацијата на кожа од риба?
Пресадувањата на кожа од риба е сè уште ново, но може да има корист за примателите. Многу луѓе кои доживеале изгореници може да чувствуваат помалку болка по нанесувањето на графт од кожа од риба. Компликациите со инфекции во овој случај се ретки.

Што може да не биде успешно?
Пресадувањата на кожа од риба може да бидат во голема мера успешни во првите неколку години на употреба. Сепак, тие можат да пропаднат затоа што графтот од кожа од риба може да не се закачи на околната кожа. Неколку причини за ова вклучуваат:

акумулација на течност под облогата или графтот
серома (акумулација на течност под вашата кожа)
хематом (акумулација на крв под графтот)
инфекција
отекување на областа, што врши притисок врз графтот
кршење на графтот поради движење или сила
Во вакви случаи може да биде неопходен втор графт.

Како е откриен новиот третман?

Одгледувањето риба е голем бизнис во Бразил, но фармерите обично ја фрлаат кожата од одгледуваната тилапија. Во 2017 година, во Бразил се одвивало фасцинантно истражување кое може да ги спаси жртвите од изгореници од непотребна болка и инфекција. Истражувачите спровеле различни експерименти со стерилизираната кожа на тилапијата и ја користеле како завои за жртвите од изгореници. Ваквиот изум во голема мера би го подобрил и олеснил лекувањето на изгорениците, особено во сиромашните земји во кои недостасуваат медицински материјали.

Додека покривањето на изгорениците со традиционални завои, кои мора да се менуваат секојдневно за да се спречи инфекција, што е многу болно, а притоа завоите не помагаат за заздравување на раната, кожата од тилапија не само што може да остане со денови или недели, туку и ја блокира контаминацијата, го забрзува процесот на заздравување и ја намалува потребата од лекови против болки.

Долго време за лечење на изгореници се користело замрзнато свинско ткиво кое благодарение на колагенот ја навлажнувало изгореницата и ја обновувало кожата.

Основач на оваа метода за лекување изгореници со кожа од рибата тилапија, е Едмар Масиел, бразилски пластичен хирург.

Како се обработува кожата од тилапија?

Тилапијата е чиста риба, многу отпорна на болести. Прво, на рибата ѝ се отстрануваат малите крлушки, мускулите и токсините, а потоа кожата се растегнува, се третира и се чува во стерилни пластични кеси и во фрижидер, каде што може да се чува до две години.

Крајниот производ е кожа многу слична на човечката кожа. Таа е многу флексибилна и лесно се обликува околу раната на пациентот. Се става директно на кожата и потоа се завиткува со завој. Нема потреба од било каков вид на медикаментозен крем.

Научниците во Кина веќе го истражувале ова и правеле експерименти на глувци, додека научниците во Бразил го користат директно на пациентите. Во времето на студијата, дури 56 пациенти кои имале изгореници од втор и трет степен биле тестирани со користење на овој третман. Резултатите биле одлични.

Овој метод на лекување на изгореници, освен што се покажал како поефективен од сите други методи, се покажал и како финансиски многу поисплатлив.