Не го прескокнувајте сосот – тој совршено ќе ги заокружи и поврзе сите вкусови, а неговата свиленкаста текстура уште повеќе ќе ја нагласи крцкавоста на плескавиците.
Слатки компири, со прекрасен вкус и совршено усогласени со сос од јогурт, таан и лимон, се идеални за ужина или вечера. Без тесто што ги поврзува, овие плескавици ќе останат воздушести и ќе имаат прекрасна текстура како чипка.
Погрижете се да ги пржите на средна температура за да не изгорат на премногу врело масло. Готовите прескавици вадете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот маснотии.
Можете да ги сервирате со свеж темнозелен зеленчук како што се кељ, спанаќ или рукола. Не го прескокнувајте сосот – тој совршено ќе ги заокружи и поврзе сите вкусови, а неговата свиленкаста текстура уште повеќе ќе ја нагласи крцкавоста на пржениците.
Количините од овој рецепт ќе нахранат четири лица, а ако ви е премногу да потрошите околу еден час одеднаш за да ја подготвите оваа вкусна закуска, можете да ја направите смесата еден ден претходно (чекор 2 и 3) и да ја чувате во херметички сад во фрижидер и само измешајте ја пред пржење.
Состојки за пржени плескавици од слатки компири со сос од лимон и таан:
3/4 чаша грчки јогурт
2 лажици таан
2 лажици свеж сок од лимон
1 чешне лук, ситно сечкано
1/2 лажичка црн пипер
2 ½ лажички сол
450 гр сладок компир, излупен и крупно изрендан
450 гр компири, излупени и крупно изрендани
1 1/2 лажица екстра девствено маслиново масло
2 средни стебленца праз, ситно сечкани
2 големи јајца, изматени
1/4 чаша универзално брашно
½ лажичка мелен ким
1/2 лажичка мелена куркума
1/2 лажичка мелен ѓумбир
Растително масло, за пржење
Приготвување:
За сосот, во помал сад изматете ги јогуртот, таанот, сокот од лимон, лукот, црниот пипер и 1/2 лажичка сол. Ставете го настрана.
Во голема цедалка ставете ги ренданите компири и преостанатите 2 лажички сол. Оставете ја смесата да отстои 10 минути, а потоа префрлете ја на чиста кујнска крпа и исцедете ја вишокот течност. Префрлете ја смесата во сад со средна големина.
Загрејте го маслиновото масло во голема тава на средно-силен оган. Додадете го празот и малку сол и пржете со повремено мешање додека празот не омекне, околу 5 минути. Тргнете од оган. Во смесата со слатки компири измешајте ги празот, јајцата, брашното, кимот, куркумата и ѓумбирот и мешајте додека сè не се соедини.
Избришете ја тавата со кујнска хартија и додајте растително масло, доволно за да можат прескавиците да пливаат во него. Загрејте го маслото (да не врие) и во тавата ставете по 2 лажици тесто за секое пржење и нежно израмнете го со шпатула. Пржете додека не стане крцкаво, 2 до 3 минути од двете страни. Пржениците префрлете ги на хартиени салфети да се исцедат и посолете по потреба.
Послужете со сосот.