Кога сакате нешто лесно и здраво, направете си крем супа од печурки
Во поглед на нутритивноста, шампињоните како и останатите печурки се ниско калорични, но многу хранливи.
Шампињоните се добри за здравјето на срцето бидејќи содржат ерготионеин и бета глукани.
Ерготионеинот претставува аминокиселина со антиоксидативни својства, додека бета глуканите се вид растворливи растителни влакна со низа корисни ефекти во организмот. Тие се смета дека го намалуваат холестеролот и триглицеридите во крвта.
Една студија покажува дека испитаниците кои замениле 20% од внесот на месо со печурки, имале подобрување во нивната тежина и во масните наслаги. Ова се должи на нутритивниот состав на печурките, имаат задоволително количество на протеини, а сепак ниска калориска вредност.
Шампињоните ги содржат веќе споменатите корисни бета глукани, кои имаат докажан позитивен ефект врз дијабетот. Покрај растителните влакна, шампињоните содржат и олигосахариди кои исто така се смета дека ги стабилизираат нивоата на инсулин во крвта.
100 г шампињони задоволуваат 33% од дневните потреби за витаминот Д, како и 16% за селен, 12% за фосфор и 4% за витаминот Б9.
Со содржината на бакар и фосфор, шампињоните дејствуваат позитивно и за зајакнување на коските. Покрај ова, шампињоните содржат и ергостерол – витамин Д2 кој има позитивни ефекти врз здравјето на коските.
Имаат потенцијални антиканцерогени својства и го зајакнуваат имуниот систем.
И после сето ова, време е за нашиот едноставен рецепт за крем супа со шампињони:
Состојки:
350 гр печурки
мала главица кромид
50 гр путер
1 лажица брашно
зачини по вкус
1 л вода
200 мл млеко
По желба кисела павлака
Приготвување:
Ставете го путерот во тенџере да се стопи. Додадете исечкан кромид и динстајте. Додадете брашно и мешајте убаво додавајќи ја топлата вода.
Зачинете по вкус.
Додадете ги исечканите печурки и оставете да се варат 20 минути.
Изблендирајте, па додадете го млекото и оставете да проврие, па исклучете.
Сервирајте со препечено лепче.