Од брокула и рендано сирење можете да направите вкусни крокети кои наместо да ги пржите во длабок зејтин, можете да ги испечете во рерна.
Под поимот крокети се подразбира обликувана маса од мелено месо, риба или зеленчук – најчесто компири кои се мешаат со јајце, се валкаат во презла и се пржат на длабоко масло. Се служат како прилог на други јадења.
Од брокула и рендано сирење можете да направите вкусни крокети кои наместо да ги пржите во длабок зејтин, можете да ги испечете во рерна.
Измешајте ги зеленчукот и сирењето со презли, јајца, вода и зачини и ставете ја смесата во фрижидер да се стегне, пред да ја обликувате во крокети и да ги ставите во загреана рерна околу половина час.
Состојки за крокети од брокула:
340 гр брокула
100 гр рендано чедар сирење
80 гр лебни трошки
80 мл вода
2-3 чешниња лук
2 јајца
2 лажички лут сос
1 млад кромид
сол по желба
Приготвување:
Раздвојте ја брокулата на помали цветчиња.
Изблендирајте ја брокулата заедно со рендано сирење, лебни трошки, сечкан млад кромид, сечкан лук, вода и лут сос. Измешајте ги состојките и посолете по желба.
Јајцата се матат и смесата се прелива во брокулата. Сè убаво измешајте и ставете ја во фрижидер на околу 15 до 20 минути за да се стегне.
Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени.
Смесата обликувајте ја во крокети и печете ги во загреана рерна 15 минути. Кога површината ќе добие убава златно-кафеава боја, свртете ги на другата страна и печете уште 15 минути.
Послужете ги крокетите од брокула и сирење со саканиот сос.