Леблебиите содржат двојно повеќе железо од истата количина на месо

Фото: Pexels
307

Наутот е многу добар извор на железо, дури и варениот наут содржи двојно повеќе железо од еднаква количина на месо. Висока е и количината на калциум во наутот, а богат е и со протеини.

Наутот (cicer arietinum) е вид растение од семејството на грав и потекнува од Блискиот Исток. Постојат две сорти наут и тоа деси и кабули. Сортата деси се карактеризира со помало зрно, со темно кафеава боја, додека кабули има поголемо зрно со светло кафена нијанса. Многу лесно се наоѓа, а во некои сегменти е и похранлив од спанаќот.

Најпопуларни специјалитети се фалафелот и хумусот

Растението наут може да порасне и до два метра. Има мали, пердувести лисја и бели или црвеникаво-сини цветови. Неговите семиња се слични на соја или сув грашок. Има светло кафена боја и се користи како чорба или како додаток на друг зеленчук за приготвување јадења. Незрелите семки се лупат од мешунките и се подготвуваат како млад грав или грашок. Во источните земји наутот го мелат во брашно и од него печат одлични пецива или во одредена пропорција го мешаат со пченично брашно и печат посебен и многу баран леб. Најпопуларните ориентални специјалитети од наут се исклучително вкусни и здрави – фалафел и хумус.

Наутот содржи двојно повеќе железо од месото
Биохемискиот состав на наутот е сличен на другите мешунки. Сувото зрно содржи 17,4 – 23,3 проценти протеини, 53,5 – 63,6 проценти јаглени хидрати, 4,1 – 5,5 проценти растително масло, 3,3 – 5,5 проценти целулоза и 3,2 – 3,4 проценти минерална материја. Младите мешунки од наут не се препорачуваат за јадење, бидејќи вегетативната маса има висока содржина на јаболкова и оксална киселина, што може да предизвика сериозни нарушувања во организмот. Наутот е многу добар извор на железо, дури и варениот наут содржи двојно повеќе железо од еднаква количина на месо. Висока е и количината на калциум во наутот, а богат е и со протеини.

Листови похранливи од спанаќот
Најновите истражувања покажале дека листовите наут се исто така многу корисни, бидејќи покрај витамини содржат и значително количество на некои минерали, па можат да бидат во иста категорија со зелката и спанаќот. Содржината на калциум, магнезиум и калиум во листовите наут е поголема отколку во спанаќот и зелката, додека количината на железо, цинк и бакар е приближно иста.

Една порција преполна со здравје
Порција од една чаша варен наут обезбедува повеќе од 80 проценти од дневната вредност на манган, минерал кој му е потребен на телото за да создаде енергија. Манганот ги штити клетките, помага во згрутчување на крвта и го зајакнува имунитетот. Истото количество наут содржи и 70 отсто од дневната потреба за фолна киселина, која помага во создавање на ДНК, потоа 26 отсто од дневната потреба за железо, 20 отсто од потребата за магнезиум, 14 отсто од потребата за калиум и 17 отсто за цинк, кој го зајакнува имунитетот.

Здравствени придобивки од наутот
Јадењето наут и други мешунки го намалува ризикот од дијабетес тип 2, срцеви заболувања и дебелина и ги зголемува добрите цревни бактерии, кои го поддржуваат здравото варење. Наутот е корисен и надвор од исхраната. Мешунките, вклучително и наутот, се исклучително еколошки. Освен што се погодни за сушни подрачја и отпорни на мраз, мешунките ја збогатуваат почвата каде што растат, што ја намалува потребата од употреба на хемиски ѓубрива.

Несакани ефекти од наут
Наутот, како и сличните мешунки, првично може да предизвикаат гасови, но телото ќе се прилагоди со текот на времето. Веќе по три до четири недели престанува чувството на надуеност и гасови.

За здрав појадок и лесна вечера

Наутот може да се додаде во оброците. Со овие зрна можете да го започнете и да го завршите денот. Може да се додаде во овошен јогурт или смути наутро. Може да биде класична закуска преку ден, а навечер да јадете вкусна салата од леблебија и домати. Можете да подготвите и одлична јанија од леблебија или ќофтиња од леблебија. Наутот може да се подготви на сличен начин како гравот. Оние кои не можат да замислат ден без ужина, можат да подготват крекери од леблебија, а ако ја преферирате варијантата да ја намачкате на леб, пробајте ја паштетата од леблебија, односно, хумус.