Лебот од хељда без глутен е идеална намирница за дијабетичари
Без разлика дали сакате да ослабнете или поради здравствени проблеми морате да го елиминирате белиот леб од трпезата, лебот од хељда е идеална замена. Во продолжение прочитајте како се подготвува.
Хељдата е целосно безглутенска храна, која не дебелее, а може слободно да ја консумираат и дијабетичарите. Лебот од хељда е исклучително здрава намирница, па затоа се препорачува на сите!
Без разлика дали сакате да ослабнете или поради здравствени проблеми морате да го елиминирате белиот леб од трпезата, лебот од хељда е идеална замена. Во продолжение прочитајте како се подготвува.
Иако може да се помисли дека хељдата е житарка, но тоа не е точно. Семките од хељда се слични по големина на семето од пченица, но имаат единствена триаголна форма. Хељдата често се користи како замена за ориз или се подготвува како каша. Се користи и брашно од хељда, кое може да има потемна или посветла боја. Потемното брашно содржи повеќе хранливи материи.
Рецепт за домашен леб од хељда без глутен
Пред да започнете со подготовка, имајте на ум дека за разлика од пченичното брашно, брашното од хељда има многу слаба врзувачка моќ, токму поради тоа што не содржи глутен, па секој допир со метал го влошува соединувањето. Кога подготвувате леб од хељда, месете го во пластичен сад со дрвена лажица, ако треба да користите миксер, само кратко!
Потребни состојки за леб од хељда:
1 кесичка квасец (или свеж квасец по желба)
½ литар млака вода
500 грама брашно од хељда
една лажичка сол
една лажичка кафеав шеќер
3 лажици маслиново масло
Приготвување на леб од хељда:
Истурете го брашното од хељда во голем сад и додадете квасец, сол и шеќер. Измешајте и додадете маслиново масло. Потоа постепено се прелива со млака вода и убаво се меси за да се соедини целосно. После тоа, оставете го тестото да нарасне околу половина час до 40 минути.
Вклучете ја рерната на 250 степени да се загрее, а во меѓувреме намачкајте го плехот за печење и ставете го тестото во него. Печете околу 45 минути на температура од 200 степени. Премачкајте го одозгора лебот со малку маслиново масло за кората да биде поубава и повкусна.
Зрното од хељда е многу пожелна намирница за секоја трпеза
Неколку причини да го вклучите лебот од хељда на вашата трпеза:
Богат е со диетални влакна
Содржи осум есенцијални аминокиселини
Богат е со минерали – содржи фосфор, магнезиум, железо, цинк, бакар и манган
Богат е со флавоноиди, особено со рутин
Го намалува нивото на шеќер во крвта и е корисен за дијабетичарите
Утврдено е дека хељдата го намалува високиот крвен притисок и холестеролот
Не содржи глутен, па затоа е погоден за алергични лица
Го одржува здравјето на кардиоваскуларниот систем
Го намалува ризикот од рак.