Лековит чај од куркума за слабеење: Петминутен рецепт за ајурведското „златно млеко“

Фото: Pexels
101

Редовното консумирање на овој чај го стимулира варењето, ги зајакнува имунитетот и црниот дроб, а во последно време се зборува и за негова можна примена во превенција од неколку видови на рак.

Уште во древните записи на Ајурведата, „златното млеко“ од куркума се споменува како мелем за душата и телото. Лековитите својства на овој напиток се многубројни поради состојките кои ги содржи и чија синергија ги засилува индивидуалните лековити својства на секоја поединечна состојка.

Имунолошка бомба

Редовното консумирање на овој чај го стимулира варењето, ги зајакнува имунитетот и црниот дроб, а во последно време се зборува и за негова можна примена во превенција од неколку видови на рак.

„Златното млеко“ има и силни антиоксидантни својства бидејќи со својата топлина, во комбинација со овие зачини и малку маснотии, ја максимизира моќта на куркумата.

Постојат неколку начини на кои можете да го подготвите овој напиток, а за секој од нив ќе ви требаат: шпорет, куркума, малку црн пипер и нешто што содржи масти за подобра апсорпција на лековитиот куркумин, како млеко, кокосово масло и слично.

Секогаш можете да го користите горенаведеното како основа, и да додадете зачини и други додатоци по желба!

Тајно оружје – куркумин
Куркумата содржи 3% куркумин, лековита состојка што ја прави толку магично портокалова и која крие голем број здравствени придобивки.

Како тајно оружје за слабеење, куркуминот успешно го стимулира варењето на мастите и шеќерот и помага во намалување на воспалението во телото.

Златно млеко
Состојки:

2 дцл млеко (органско, бадемово, кокосово, овесно…)
1 лажичка куркума во прав
1/2 лажичка цимет
прстофат црн пипер
парче излупен корен од ѓумбир или 1/4 лажичка ѓумбир во прав
прстофат каенски пипер (по избор)
1 лажичка мед или јаворов сируп

Подготовка:
Изблендирајте ги сите состојки на најбрзата програма додека не се изедначат целосно.
Истурете ги во лонче или во ѓезве и загревајте ја смесата 3-5 минути на средна температура додека не стане жешка, но внимавајте да не зоврие!

Пијте веднаш!