Лековита паста од ѓумбир и куркума: Природен лек против умор и воспаленија

Фото: Pexels
628

Дали сте склони кон воспаленија и страдате од болни зглобови? Не можете да се ослободите од заморот? Ви откриваме рецепт за правење лековита паста со ѓумбир и куркума во главната улога.

Куркумата со право се смета за еден од најлековитите зачини кој има моќно антиинфламаторно дејство. Ѓумбирот е одличен лек против артритис и воспаление бидејќи го намалува формирањето на леукотриен, состојка која ги стимулира воспалителните процеси во зглобовите.

Куркумата своето лековито дејство го должи на активната состојка куркумин, додека ѓумбирот, од друга страна, содржи џинџерол, кој има силни антиоксидантни и антиинфламаторни својства.

Кога ќе се земе предвид фактот дека воспалителните процеси се главниот поттик за развој на разни хронични заболувања во организмот, тогаш ѓумбирот и куркумата стануваат уште поважни.

Имено, освен што ублажуваат и лекуваат, можат да спречат и многу болести, како што се срцевите заболувања и дијабетесот.

Кога на ова моќно дуо ќе му додадете црн пипер, мед и кокосово масло, добивате уште помоќна формула за подобрување на здравјето.

Имено, црниот пипер во комбинација со кокосово масло ја поттикнува апсорпцијата на куркумата, додека медот има антибактериски, антивоспалителни и антиоксидантни својства.

Златна паста од ѓумбир и куркума – рецепт

Состојки:

1 лажица ѓумбир во прав
4 лажици куркума во прав
1 лажица мед
1 лажица кокосово масло
прстофат црн пипер
10 лажици вода

Приготвување:

Во еден сад измешајте ги сите состојки за да добиете паста. По потреба, доколку е цврсто, кокосовото масло се топи на оган и се додава на останатите состојки.

Потоа префрлете ја пастата во чиста, по можност стерилизирана тегла. Оваа лековита паста можете да ја чувате во фрижидер еден месец.

Совет:

Додадете 1 лажичка паста во топло млеко (обично или растително). Добро измешајте и испијте.

Доколку изберете млеко од растително потекло, ви предлагаме незасладено бадемово или кокосово млеко.

Дополнителен совет:

Освен во млеко, една лажичка од оваа паста можете да измешате во смути или јогурт, дури и во салата како супер здрав додаток на преливот.

Придобивките од пастата од ѓумбир и куркума

Ги намалува воспалителните процеси во телото

Благодарение на состојките како што се куркуминот и џинџеролот, комбинацијата од ѓумбир и куркума е навистина моќна во елиминирање на воспалителните процеси во телото.

Доколку страдате од артритис, земајте ја оваа паста подолго време, особено во постудените зимски месеци, кога болките во зглобовите се поизразени.

Комбинирајте ја пастата со друга антиинфламаторна храна за максимални здравствени придобивки.

Делува како природен аналгетик

Ако имате болка во вашите мускули, зглобови, болки во грбот и генерално страдате од ревматизам или артритис, пастата од ѓумбир и куркума ќе ви ги реши проблемите.

Овие две состојки делуваат синергистички како вистински природен аналгетик, што значи дека ја намалуваат болката.

Куркуминот е особено ефикасен во намалувањето на болката предизвикана од артритис.

Ги брише трагите од замор и ја крева енергијата

Благодарение на неговото антиоксидантно и енергетско дејство, редовното консумирање на оваа златна паста ќе ви помогне да се ослободите од заморот.

Куркумата се смета и за одличен засилувач на расположението.

Го зголемува имунитетот и го забрзува закрепнувањето од настинки и грип

Ѓумбирот, куркумата и медот се одлични сојузници на силниот имунитет и штитат од настинки, грип и слични болести.

Овие состојки го забрзуваат и лекувањето на болката во грлото и други болести на респираторниот тракт.

Истражувањата покажале дека луѓето кои консумираат повеќе ѓумбир и куркума имаат многу помали шанси да добијат болки во грлото и грип.

Го стимулира варењето

Ѓумбирот уште од многу одамна е познат како многу ефикасен зачин за ублажување на мачнините и нагонот за повраќање.

Во традиционалната кинеска медицина, токму овој зачин отсекогаш се користел како природен лек за сите дигестивни проблеми.

Како и ѓумбирот, куркумата исто така го помага варењето со тоа што ги намалува гасовите и надуеноста.

Неговата состојка куркумин ја поттикнува апсорпцијата на хранливи материи.

Во синергија, овие два зачини се одлични за синдром на нервозно дебело црево, улцерозен колитис и Кронова болест.

Го чисти телото и помага при кожни болести

Оваа моќна медицинска паста може да ви помогне да ги ублажите кожните заболувања како што се акни, егзема и псоријаза.

Има и детокс ефект, што значи дека го чисти телото од токсини, а со тоа и има корист за здравјето на вашата кожа.

Ги стимулира функциите на мозокот

Ѓумбирот, куркумата и кокосовото масло се навистина ефикасни за стимулирање на мозочната активност.

Тие го подобруваат фокусот, концентрацијата и меморијата. Џинџеролот и шогаолот од ѓумбирот имаат особено поволно влијание врз функцијата на мозокот.