Кои се најпознатите лековити печурки против рак? Зошто овие лековити печурки имаат толкав ефект врз ракот? Во Азија и во САД, некои лековити печурки станаа стандардна дополнителна терапија на лековите препишани од официјалната медицина против рак.
Лековитите печурки се најстарото средство на „природната медицина“ познато на човештвото. Печурките како Реиши или Шитаке биле користени како природен лек во Азија пред 6.000 години. Во тоа време, овие лековити печурки, кои сè уште не можеле да бидат одгледувани, биле многу ретки и затоа и многу скапи.
Се користеле како лек против болести, но и како средство за превенција од болести.
Денес, во наше време, тие се истражуваат детално низ Азија, но и во САД. Резултатите се фасцинантни. Тие научно го докажуваат она што луѓето го знаеле илјадници години. Најфасцинантните резултати се кај онколошките заболувања. Особено во Азија и САД, некои лековити печурки станаа стандардна дополнителна терапија на лековите препишани од официјалната медицина против рак.
За да се разбере повеќеслојниот спектар на ефекти на лековитите печурки, важно е да се знае дека печурките, за разлика од лековите, не се борат против болестите, туку дејствуваат на зајакнување на телото. Тие ефикасно ја модулираат таканаречената хомеостаза, која ја враќа рамнотежата на минералите, ензимите, хормоните, водата, електролитната рамнотежа и имунолошките клетки.
Чага
Чага е паразитска габа која расте на брезите. Буквално го убива дрвото бидејќи од него ги извлекува најважните хранливи материи. И токму затоа чагата станува вистинско „складиште“ за витамини, минерали и лековити материи. Всушност, чагата е рак за брезите и лек за рак за луѓето.
Расте во шуми од бреза низ Северна и Источна Европа, Русија и Кореја. Со илјадници години, чагата се користи низ Евроазија, каде што поради неговите лековити својства била позната како „Божји дар“ и „кралица на билките“.
Благодарение на нејзините разновидни и сеопфатни лековити својства, таа е наречена „супериорна билка“. Истражувањата покажале дека чагата е полна со лековити и чудесни, биолошки активни супстанции, од кои некои не се содржани во ниту едно друго растение.
Стана вистинска сензација благодарение на рускиот добитник на Нобеловата награда Александар Солженицин, кој во својата книга опиша како излечил рак со помош на брезова габа. Научниците докажале дека активните состојки на чагата ефикасно се борат против многу болести и го продолжуваат човечкиот живот.
Додека бил во заробеништво, Солженицин тешко се разболел. Лекарите му дијагностицирале рак на желудникот во трета и четврта фаза. Затвореникот бил опериран и по кратко лекување бил пуштен од логорот. Неговата состојба набрзо се влошила, па Солженицин заминал на лекување во Одделот за рак на Медицинскиот институт во Ташкент. Таму, тој беше подложен на терапија со зрачење, но покрај тоа, Солженицин самостојно правел за себе и чај од чага.
Писателот дознал за чудесната печурка, која расте на брезите, од други пациенти на Одделот за рак. Му кажале за рускиот лекар Маслеников, кој со години ги проучувал лековитите својства на чагата. Доктор Маслеников долги години го лекувал локалното население и забележал дека меѓу неговите пациенти никогаш немало заболени од рак. Почнал да ги истражува навиките на мештаните и открил дека тие прават напиток од чага. Д-р Маслеников почнал да ги истражува својствата на чагата.
Пациентите на онкологија доаѓале да го видат доктор Маслеников од целиот Советски Сојуз, чекајќи со денови, само за да го добијат чудесниот лек. Многу од нив се опоравиле. Еден од излекуваните пациенти бил Солженицин, кој добил чага и рецепт за лековит чај од Маслеников. Рускиот писател после тоа живеел уште половина век и починал на 90-годишна возраст. За својата книга, во која ја кажа вистината за животот во заробеништво во логорите, Солженицин ја доби Нобеловата награда.
Чагата содржи фенолни соединенија, меланин, тритерпеноиди и бетулинска киселина, кои се одговорни за победата на ова растение над ракот. Чага е природен борец против речиси сите видови тумори благодарение на бетулинската киселина, која го спречува развојот на рак и ги уништува канцерогените клетки, а здравите ги остава недопрени.
Според сведоштвата и истражувањата на руската наука, многу е ефикасна против ракот на дојката, јајниците, грлото на матката, простатата, белите дробови, желудникот, слезината, мозокот и тимусот, како и против леукемија и сите видови меланом и лимфом. Ги уништува деформираните клетки со моќното антиинфламаторно дејство и механизмот на апоптоза.
За најмоќно оружје на оваа печурка се смета чага киселината, која според руските научници го нормализира метаболизмот и има лековито дејство на сите органи и ткива на човечкото тело.
Корисна е и како додаток на конвенционалните лекови за хемотерапија, бидејќи ги ублажува нивните несакани ефекти и го зајакнува имунитетот. Лековитите својства на чагата се антиоксидантни, антиканцерогени, антиревматски, антивирусни, аналгетски и антиинфламаторни, што дефинитивно ја става меѓу најмоќните лекови.
Реиши
Реиши печурката е природен лек кој помага во борбата против ракот. Оваа печурка е една од најсилните борци против ракот, а може да се подготви како чај или тоник. Научно е докажано дека напитокот направен од оваа печурка е одличен за зајакнување на имунитетот и уништување на канцерогените клетки – познат е како природен лек за рак.
Оваа здрава печурка е богата со витамини Ц, Д и Б, калциум и фосфор. Печурката Реиши, со своите антитуморни соединенија – биомодулатори, ги активира имунобиолошките реакции на телото: ги зајакнува или обновува имунолошките функции на телото, го запира развојот на клетките на туморот или ги модифицира за да може одбранбениот систем на телото полесно да ги препознае и уништи.
Хемотерапијата и зрачењето имаат бројни несакани ефекти врз нашето тело. Реиши печурката може да се користи за време на хемотерапија и зрачење бидејќи ги намалува несаканите ефекти како што се замор, губење на апетит и подложност на инфекции. Против ракот се бори со помош на витамин Б17.
Шитаке
Повеќе за овие печурки и нивните лековити својства пишувавме ТУКА.