Лековитите зачини помагаат во лекувањето дури и на најтешките болести
Рузмаринот помага во детоксикација на телото, за варењето, при губење на апетит и против гасови. Нането со години се користи за ублажување на дигестивните проблеми, како што се гасови, запек, грчеви во стомакот и дијареа. Често се користи за ублажување на болки во грлото, како и за мачнини кои се чест несакан ефект на хемотерапијата.
Во природата обично можете да најдете сѐ што ви треба за здравје. Дознајте како лековитите зачини можат да ви помогнат при оздравувањето.
Лековитите билки лекуваат одредени болести, а на вас останува да откриете кои и кога ви се потребни. Некои зачини се толку лековити што можат да спречат и да помогнат дури и при лекувањето на најтешките болести, како што се дијабетес, кардиоваскуларни болести или рак. Вклучете ги во вашата секојдневна исхрана и вашиот организам ќе ви биде многу благодарен.
Во медитеранската и источната исхрана се користат голем број зачини, а докажано е дека луѓето на овие простори живеат подолго и поквалитетно. Затоа, променете ги прехранбените навики и секојдневно користете здрави зачини во вашата кујна. Имаат големи антиоксидантни својства и можат да го забават развојот на болестите и стареењето на организмот.
Лековити зачини
Мускатното оревче се додава кон крајот на готвењето, кога јадењето веќе не е многу жешко бидејќи топлината го неутрализира неговиот вкус. Се покажало дека е многу корисен за здравјето на срцето, а за тоа е најзаслужен еугенолот. Одличен е и за сите дигестивни и стомачни проблеми и лекува болки во мускулите и разни воспаленија.
При употреба, неопходно е да се следат упатствата за дозирање. Неговата максимална дневна доза е 3 грама, а сѐ повеќе од тоа може да предизвика негативни психолошки последици (халуцинации и анксиозност).
Ѓумбирот има антиинфламаторни својства. Изрендајте го и исушете го. Измешајте 3 лажички мелен црн пипер, 6 лажички ѓумбир и 6 лажички мелен ким. Јадете ½ лажичка од оваа смеса со чаша вода еднаш дневно. Дополнително, обидете се да нанесете масло од ѓумбир на зафатеното подрачје. Ѓумбирот е вистински природен лек за артритис. Конзумирајте сиров ѓумбир на редовна основа бидејќи ја стимулира циркулацијата што на крајот ја намалува болката.
Куркумата е најчесто користениот зачин во Индија, но во последните неколку години стана многу популарен и на нашите простори.
Имено, спроведеното истражување докажува дека куркуминот е одличен во борбата против ракот. Ги третира воспаленијата во телото кои водат до развој на тумори и го спречува оштетувањето на здравите клетки.
Куркумата може да помогне да се запре ширењето на ракот, а се покажала како најдобра во лекувањето на меланом, рак на јајниците и рак на дебелото црево. Идеална е за додавање во чорби, јадења со ориз и тестенини.
Јаболковиот оцет е богат со фосфор, калциум, калиум и магнезиум. Освен што ја ублажува болката, јаболковиот оцет го елиминира формирањето на токсини во сврзните ткива и зглобовите. Измешајте 1 лажичка мед и 1 лажичка оцет во чаша топла вода. Оваа смеса консумирајте ја секое утро, по можност на празен стомак.
Лукот е зачин познат на сите по својот специфичен мирис. Но, дали знаете колку е исклучително лековит лукот?Токму неговиот специфичен мирис, кој доаѓа од алицинот, му дава најголеми лековити својства.
Ако секојдневно јадете лук, можете да го подобрите здравјето на срцето и крвните садови. Лукот го намалува холестеролот и го спречува згрутчувањето на крвта бидејќи го разредува.
Богатството на антиоксиданти кои се наоѓаат во него ја спречува појавата на рак, особено рак на желудникот и дебелото црево. Неговите антибактериски својства помагаат во лекувањето на габични инфекции, а се покажал и како одличен сојузник во борбата против настинки и инфекции на синусите.
Содржи витамини Ц, Б и манган и селен. Лукот ќе го подобри секое јадење во кое ќе го додадете со неговиот специфичен вкус и мирис.
Лековитиот ловор
Ловоровите листови имаат многу ароматичен, зачинет, горчлив и силен вкус. Свежите листови содржат витамин А, Ц и витамини од Б комплексот. Од минерали вклучуваат калциум, манган, железо, селен, цинк и магнезиум. Ловорот содржи околу 1 до 3% есенцијално масло, кое се состои од цинеол, еугенол, танини, сесквитерпени и горчливи материи.
Природно лекување со билки
Рузмаринот е медитеранско растение кое е одличен извор на антиоксиданти. Рузмаринот поради своето потекло најчесто се користи во медитеранската кујна и ќе забележите дека е составен дел од речиси сите медитерански јадења. Можете да го користите за да го подобрите вкусот на супа, сос од домати, леб, пилешко и мисиркино месо, риба, говедско и јагнешко месо.
Рузмаринот ќе помогне во детоксикација на телото, за варењето, при губење на апетит и против гасови. Обидете се да пиете до 3 шолји чај од рузмарин дневно за да ги ублажите овие тегоби.
Нането со години се користи за ублажување на дигестивните проблеми, како што се гасови, запек, грчеви во стомакот и дијареа. Може да помогне и во ублажување на симптомите на труење со храна. Нането го подобрува протокот на жолчката, што овозможува храната многу побрзо да помине низ стомакот. Ако терапијата на рак предизвикува гадење, може да се обидете да си помогнете со чај од нане. Можете да го направите со варење свежи листови нане додека не го добиете саканиот интензитет на чајот.
Нането ги ублажува и болките во грлото. Често се користи за ублажување на болки во грлото, кои се чест несакан ефект на хемотерапијата.