Дали имате силна желба за СЛАТКО или за СОЛЕНО? Што му недостасува на вашето тело?

Фото: Pexels
448

Сигурно некогаш ви се случило да добиете неодолива желба за нешто солено, за нешто благо, евентуално, за нешто газирано. Што е тоа што на овој начин го бара вашиот организам?

Сигурно ви се случило повеќе пати едноставно да морате да изедете коцка чоколадо или пак да почувствувате неодолива желба за нешто солено.
Ова не е ништо необично, а во повеќето случаи тоа е знак дека на нашето тело му недостасуваат некои есенцијални материи. Нутриционистот Ли Холмс објаснува што треба да правите во овие случаи:

Што значи ако добиете желба за нешто слатко?

„Ако ви се јаде чоколадо или јаткасти плодови, тоа може да биде сигнал за недостаток на магнезиум“, објаснува Холмс.

Желбата за слатки најчесто е сигнал за недостаток на важни минерали, па ако ви се јаде чоколадо, колач или нешто слично, тоа може да значи дека ви недостасува железо, калциум, магнезиум, цинк…

Што значи ако ви се јаде нешто солено?

Ако одеднаш почувствувате потреба за нешто солено, како што се чипс или кикиритки, ова е сигнал за дисбаланс на електролити. Слична потреба ќе почувствувате ако, на пример, сте биле на тренинг. Тогаш телото исфрла електролити преку потта и ви испраќа сигнал дека треба да ги надоместите.

„Кога ќе изгубиме премногу сол и електролити, телото ќе испрати сигнал за да го надоместиме изгубеното. Ќе почувствувате желба за чипс или други солени грицки, но тоа може да биде и знак дека имате недостаток на цинк или железо“, вели Холмс.

Што значи ако ви се пие нешто газирано?

Дали одеднаш „умирате“ од желба за кисела вода или газиран сок? Желбата за газирани пијалаци може да биде сигнал за недостаток на фосфор во организмот. Тоа може да биде и знак дека на телото му недостасува калциум.

Кое е решението?

Ли Холмс наведува дека секоја од овие ненадејни желби за „штетни“ намирници полни со сол и шеќер може да се задоволи на вистински начин – да ја задоволите желбата и да го надоместите токму она што му недостасува на телото.

Желбата за слатки ќе биде задоволена ако јадете јаткасти плодови, пилешко, јајца, сирење или зеленчук со јарки бои.
Желбата за солена храна ќе се задоволи со јаткасти плодови, масна риба и производи од козјо млеко.
Желбата за газирани пијалаци ќе се „реши“ ако пиете млеко или јогурт, или ако јадете сардина или сирење.