Лепчето е симбол на животот! Кој фрли камен на лебот наш насушен?

Фото: Pexels
186

Ако денес се споменат извесни предности на лебот, сите се прашуваме дали тие воопшто постојат. На тоа не наведува современиот „терор“ на здравата храна. И, секако дека има придобивки од јадењето леб, бидејќи тој е основна животна намирница.

Заради својата централна улога во човечката исхрана, лебот се појавува во безброј културни и верски контексти: епот Гилгамеш; римскиот повик за „леб и игри“; лебот како симбол во поезијата на Омар Хајам; лебот кој го означува телото на Исус при причестувањето; оној кој во форма на погача се крши на домашна слава и кој се подава како знак на хуманост.

Со други зборови, лебот е симбол на животот.

Но, ако денес се споменат извесни предности на лебот, сите се прашуваме дали тие воопшто постојат.

На тоа не наведува современиот „терор“ на здрава храна, но секако дека има придобивки од јадењето леб, бидејќи тој е основна животна намирница.

Можеби сте слушнале за потенцијалните придобивки од исхраната со малку јаглени хидрати и некои причини за избегнување на леб, но лебот може да биде основа за здрава исхрана со малку маснотии.
Производите од тесто обезбедуваат основни хранливи материи и можат да бидат компонента од оброк што ве прави сити.

Изберете производи од леб од цели зрна или збогатени производи од леб и избегнувајте ги оние со додаден шеќер или заситени масти, пишува нутриционистката Натали Штајн на порталот Live Strong.

Следете ги препораките

Една од предностите на производите од тесто е тоа што тие ви помагаат да остварите образец на здрава исхрана.

Препораките за исхрана од 2.000 калории дневно подразбираат внес на 170 грама житарици и 45 до 65 проценти од вкупните калории што потекнуваат од јаглехидратите.

Повеќето производи од леб имаат малку маснотии и многу јаглени хидрати и придонесуваат за препорачаниот дневен внес на житарици.

Изберете производи од житарки од цели зрна и водете сметка за тоа дека некои видови сладок леб, како што е лебот од банана или слатки ролни, можат да содржат многу калории, шеќер и маснотии.

Достапност

Производите од леб се лесно достапни, бидејќи можете да ги купите речиси насекаде и да ги чувате надвор од фрижидерот.

Тие не бараат никаква подготовка. Можете да ги јадете за секој оброк, без ништо или со некој намаз или полнење.

Друга предност е што веројатно можете да најдете производ што ќе ви се допаѓа бидејќи има толку многу видови, како што се леб, ѓевреци, тортилји, мафини, овошни лебови и пити.

Можностите опфаќаат пченичен, ‘ржан или леб од неколку видови житарки.

Микро хранливи материи

Како по правило, производите од леб направени од збогатено брашно мора да бидат богати со железо, тиамин, рибофлавин, ниацин и фолати.

Железото е компонента на хемоглобинот во здравите крвни клетки, а тиаминот, ниацинот и рибофлавинот се од суштинско значење за создавање енергија во телото, додека фолатот е еден од најважните витамини за здравјето на срцето.

Рафинираните производи од леб направени од збогатено брашно не содржат значителни количини од овие хранливи материи.

Дополнителна исхрана

Производите од тесто може да содржат дополнителни здрави состојки кои имаат предности во поглед на хранливоста.

Многу видови леб содржат јаткасти плодови или семки кои се здрави за срцето и богати со незаситени масти, а оревите и лененото семе обезбедуваат дури и омега-3 масни киселини.

Лебот може да содржи суво овошје, како што се суво грозје, цреши или брусница, богато со калиум и хранливи влакна.

Внимавајте да не избирате леб со состојки богати со заситени масти или додадени шеќери, како оној со слатка глазура, лиснато тесто со цимет или леб со парчиња чоколадо.