Лесно ќе откриете дали маслиновото масло е квалитетно: Како да знаете дали е навистина чисто?

Фото: Pexels
3.315

За да знаете дали маслиновото масло што го купувате е навистина чисто и квалитетно треба да знаете две работи кои се карактеристични за вистинското маслиново масло

Ако често се двоумите за тоа кое маслиново масло да го купите и како да знаете дали е тоа за кое ќе се одлучите квалитетно и чисто, лесно можете да го препознаете користејќи едноставен трик. Иако на повеќето луѓе сите шишиња маслиново масло им изгледаат исто и тие веруваат во она што е напишано на етикетата, експертот за интегративна исхрана д-р Кортни Свон вели дека купечките марки на тоа масло не се ни близу до истиот квалитет и дека дури 75 до 80 проценти од производите на полиците во продавниците немаат никаква врска со тоа што е напишано на нив.

„Дури и ако на шишето масло пишува дека е 100 проценти маслиново масло, не мора да е така, бидејќи производителите и трговците често додаваат масло од соја, масло од канола и сончогледово масло во маслиновото масло за да заштедат“, вели експертот.

Како да знаете дали чистото маслиново масло е навистина чисто?

„Карактеристични се две работи. Кога ќе го истурите, треба да има темно зелена боја, а кога ќе го вкусите, да има многу остар вкус“, вели д-р Свон. Иако е сè уште важно на шишето да пишува 100 проценти маслиново масло, не треба да му верувате на секој бренд, додава таа, па затоа е добро да се направи дополнително истражување пред да се купи.

„Доброто маслиново масло не само што го подобрува вкусот на храната, туку може и да го подобри здравјето со текот на годините, бидејќи е полно со здрави масти, антиоксиданти и витамини и е значително помалку преработено од многу други“, заклучува Свон.