Лозов лист за сармички, ама и за лек: Дали ги знаете лековитите својства на виновата лоза?

Фото: Pexels
937

Освен свежото грозје, сувото грозје и виното, лековити се и листовите од винова лоза кои се богати со витамини и минерали. Затоа тие се дел од многу јадења, меѓу кои и вкусните сармички од лозов лист

Листовите од виновата лоза се богати со витамини Ц, Е, А, К и Б6, како и со ниацин, железо, влакна, рибофлавин, фолна киселина, калциум, магнезиум, бакар и манган. Се користи како противвоспалително и средство за подобра циркулација.

Листовите од лозата имаат благо антиинфламаторно дејство. Хроничното воспаление е причина за многу сериозни болести, срцеви заболувања, многу видови на рак и Алцхајмерова болест, артритис и болести на дигестивниот систем како што е Кроновата болест. Начинот на живот и генетиката придонесуваат за развој на хронично воспаление, а исхраната богата со антиинфламаторна храна е најдобрата стратегија за намалување на долгорочните ризици од болести.

Лековити својства на листовите од винова лоза

Лозовите листови се едни од природните лекови за вените што може да ви ја олеснат болката. Тие се особено важни за лекување на проблемите со слаба циркулација во нозете, што е токму главниот проблем кај луѓето со проширени вени. Го намалуваат воспалението во вените, потоа ја стабилизираат ендотелната обвивка на капиларите и влијаат на санирање на овие проблеми, со што се намалува отокот на зглобовите.

Облогите се нанесуваат многу едноставно

Намачкајте малку вазелин на чистите нозе и ставете лозов лист на местата каде што имате проблеми. Потоа ставете пластична фолија над листот. Оставете го да делува 20-30 минути.
На крајот, исплакнете со ладна вода и нанесете крема за вени.
Облозите од листови од винова лоза се нанесуваат еднаш или двапати неделно. Доброто кај нив е што веднаш го намалуваат отокот и го смируваат пецкањето и болката.

Чај од лозов лист
Чајот од лозов лист се користи како лек за ревматизам, гихт, повраќање.

Американците користат чај од лозов лист против дијареа, хепатитис и стомачни болки. Додека чајот од винова лоза се користи за лекување на нарушена функција на мозокот и ‘рбетниот мозок.
Подготовка на чај:

2 дцл вода
една лажица сушени лозови лисја
Се вари и се остава да отстои 10-15 минути, се пие три пати на ден три недели.
Доколку сакате да ги исушите лозовите лисја, тоа се прави на традиционален и доста вообичаен начин.

Кога ќе ги соберете листовите, распостелете ги врз крпа или хартија, во просторија која е добро проветрена, а не на директна сончева светлина. Не дозволувајте листовите да се допираат едни со други.

Листовите мора добро да се исушат за подоцна да не мувлосаат. Времето на сушење е индивидуално и зависи од условите и температурата.

Може да трае од неколку дена до две недели. Сувите листови се чуваат во хартиени кеси, на ладно и темно место.