Лозовиот лист помага при реума, дијареа и женски болести: Како да се свари чај и да се направат облоги?

Фото: Pexels
352

Листовите од лозата имаат исклучително силно антиинфламаторно дејство. Познато е дека хроничното воспаление е причина за многу сериозни болести, од кардиоваскуларни, малигни и болести на дигестивниот систем, до Алцхајмерова болест и артритис.

Кога користите лозов лист во каква било форма, треба да се биде внимателен на листовите да не останат траги од хемикалии – најдобро е да ги натопите во вода со малку сода бикарбона.
Листовите од лозата се ризница на различни витамини и уште еден начин да се искористат придобивките од грозјето. Нивната употреба е широка, а ефикасноста конкретна, велат искуствата на оние кои знаат многу за тајните на природната медицина.

Што содржи лозовиот лист?
Листовите од лозата се богати со витамини Ц, Е, А, Б група (особено Б6), железо, магнезиум, калциум, бакар, рибофлавини. Исто така, има значителна количина на ниацин, влакна, фолати и манган.

Не треба да заборавиме дека во контекст на исхраната, лозовиот лист е омилен деликатес. Кај нас е најпопуларна е медитеранската сарма за која наместо кисела зелка се користат лозови листови).

За кои состојби е ефикасен лозовиот лист?
Листовите од винова лоза се користат уште од дамнина за лекување на дијареа. Исклучително е ефикасен за обилно менструално крварење, крварење од матката поради миоми и полипи и вагинален исцедок. Помага при ревматизам, но и како превенција – не само како лек, за гихт и за подобрување на циркулацијата. Лозовиот лист го намалува воспалението во вените, ја стабилизира ендотелната обвивка на капиларите и го намалува отокот на зглобовите. Помага и при повраќање.

Искуствата на нашите баби велат дека течноста од лозов лист е добра за отстранување на лишаи на кожата, за псоријаза и против првут. Тој е еден од најдобрите природни производи за нега на кожата. Сокот исцеден од стеблото на лозата е ефикасен во лекувањето на уморни и отечени очи (очни капаци).

Листовите од лозата имаат исклучително силно антиинфламаторно дејство. Познато е дека хроничното воспаление е причина за многу сериозни болести, од кардиоваскуларни, малигни и болести на дигестивниот систем, до Алцхајмерова болест и артритис.

Истражување за тоа како состојките од виновата лоза влијаат на некои хронични едеми
Според една студија од 2010 година на Одделот за дерматологија на Универзитетот во Фрајбург, растителните екстракти од винова лоза може да помогнат во намалувањето на отокот кај пациенти со хронична венска инсуфициенција. Кај нив проблем е враќањето на крвта од нозете назад во срцето, а кога крвта тешко се враќа во срцето, нозете отекуваат и доаѓа до едем. Други студии, исто така, ги разгледале корисните својства на лозовите лисја.

Како да подготвите чај од лозов лист и да направите облог
Чајот направен од суви лозови листови се приготвува така што грст сечкани листови се преливаат со половина литар врела вода. Оставете да отстојат десет минути, процедете и пијте во мали голтки во текот на денот.

Патем, во стеблата на лозата има чиста, исто така лековита течност. Според древните записи на народната медицина, течноста од стеблото на лозата е ефикасна за отстранување на лишаи, псоријаза и првут. Оваа течност се користи и за отечени и уморни очи, ги намалува темните кругови под очите и отокот. Треба да се чува во стаклени шишиња и да се користи три пати на ден (наутро, напладне и навечер). На него можете да додадете неколку капки масло од невен и ќе имате ефективни облоги кои може да се користат и за други проблеми со кожата.