Лукот е здрав, ама треба да се внимава на интеракција со одредени лекови

Фото: Pexels
276

Покрај многуте придобивки, сепак треба да се обрне внимание на потенцијалните несакани ефекти од консумирањето лук, како што се киселини, иритација на устата, надуеност, гадење, дијареа или повраќање, евентуално, кај некои луѓе и иритација на грлото или осип на кожата. Освен тоа и интеракцијата со одредени лекови може да предизвика несакани ефекти

Ладното време го поттикнува развојот на бактерии и вируси, што ја зголемува подложноста на настинки или грип, особено ако телото сè уште не е прилагодено на пониски температури или ако имунолошкиот систем е ослабен. Се поставува прашањето дали лукот може да помогне во зајакнувањето на имунолошкиот систем и спречување на болести.

Лукот, честа состојка во многу кујни, има богат нутритивен состав, вклучувајќи витамини А, Ц, Е, К и Б-групи и минерали како натриум, калиум, калциум, бакар, железо и цинк. Клучната состојка, алицинот, е позната по своите антибактериски својства, ја намалува затнатоста на носот, го поттикнува искашлувањето и ја ублажува кашлицата.
Покрај тоа, лукот содржи антиоксиданти кои го поттикнуваат обновувањето на оштетените клетки. Витамините Б6 и Ц во лукот го зајакнуваат имунолошкиот систем, ги ублажуваат симптомите и го забрзуваат процесот на заздравување. Истражувањата покажале дека редовното консумирање на сиров лук може да ја намали инциденцата на настинки и да го забрза закрепнувањето кај заразените лица.

Покрај многуте придобивки, сепак треба да се обрне внимание на потенцијалните несакани ефекти од консумирањето лук, како што се киселини, иритација на устата, надуеност, гадење, дијареа или повраќање. Исто така, прекумерното консумирање може да предизвика лош здив и мирис на телото. Луѓето кои почнуваат да консумираат лук може да доживеат иритација на грлото или осип на кожата. Покрај тоа, интеракцијата со одредени лекови може да предизвика несакани ефекти, па затоа се препорачува да се консултирате со лекар пред да го внесете лукот во исхраната.