Замрзнат лимон како деликатес и како лек

Фото: Pexels
364

Во последните 40 години, повеќе испитувања покажале дека замрзнатите лимони се одлични за уништување на клетките на ракот на дојка, белите дробови, панкреасот, простатата и дебелото црево.

Околу овие агруми, приказната се чини дека никогаш не завршува. Сите ги користиме, знаеме дека се една од најздравите намирници па така нема крај во откривањето на нивните придобивки, без оглед дали станува збор за здравствени придобивки или како гурманска состојка.

Лимоните имаат многу моќни својства што веќе долго време се користат во лекувањето и спречувањето на разни здравствени проблеми. Се разбира, најдобри се органските лимони кои не се третираат со разни штетни пестициди и хемикалии. Богати се со витамини, хранливи материи, одлични за детоксикација на организмот. Најчесто се консумира сокот од лимон затоа што е богат со витамин Ц.

Лимонот при лекување на рак

Консумирањето лимони е корисно за разни здравствени проблеми, на пр. подобрувања на имунолошкиот систем, превенција на астма, чистење на црниот дроб, бубрезите, елиминација на инфекции, лекување на стрес, намалување на ризикот од мозочен удар. Она што често го занемаруваме е консумирањето на кора од лимон, која е супер здрава и корисна. Го нормализира нивото на холестерол, има моќни антимикробни својства кои можат да ги елиминираат габичните, бактериските инфекции и да ги елиминираат цревните паразити. Докажано е дека кората од лимонот многу силно го отстранува токсичниот отпад од организмот и затоа може да се користи во лекувањето на рак.

Во последните 40 години, повеќе испитувања покажале дека замрзнатите лимони се одлични за уништување на клетките на ракот на дојка, белите дробови, панкреасот, простатата и дебелото црево. Истражувањата исто така покажале дека замрзнатиот лимон е поповолен од хемотерапијата во процесот на отстранување на клетките на ракот, бидејќи е сосема природен и многу поздрав од хемотерапијата, а во процесот на отстранување на клетките на ракот, екстрактот од лимон не влијае на здравите клетки.

Хемикалиите како што се лемоноидите кои се наоѓаат во кората од цитрусот се во состојба да го забават растот на клетките на ракот и да предизвикаат неповратно уништување на самата клетка.

Лимоните содржат околу дваесет состојки кои се одлични против развојот на карциномот, вклучувајќи лимонен, цитрус пектин и флавонол-гликозиди кои ја запираат делбата на клетките на ракот.

Како флавоноидите кои се наоѓаат во други овошја и зеленчуци, тие пак, во сокот од лимон – хесперетин, нарингенин и ериодиктиол, дејствуваат како антиоксиданти и помагаат во борбата против најразлични воспаленија. Хесперетинот е одличен за превенција и спречување на растот на туморот. Исто така, може да помогне во лекувањето на дијабетес, како и да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести со намалување на високиот крвен притисок и нивото на липиди во крвта.

Секако, некои научни кругови го негираат ефектот на овoj агрум и неговата способност да ги уништи клетките на ракот. Другата страна повикува на намерно прикривање од страна на моќното фармацевтско лоби, кое ги гледа своите интереси во негирање и запирање на подлабокото истражување што на крајот може да даде некои нови решенија во борбата со клетките на ракот. На читателот му останува да оцени што би било поблизу до вистината.

Вкусна храна и лек

Покрај очигледните здравствени причини, консумирањето на цел замрзнат лимон ќе ги изненади сите и со својот вкус. Ако лимонот се замрзне пред употреба, неговата арома се интензивира и станува уште повкусен за консумирање. Едноставно, земете органски лимон, добро измијте го и ставете го во замрзнувач. Можете да замрзнете парчиња или едноставно цел лимон.

Откако еднаш ќе се одмрзне, многу е лесно да се обработи понатаму. Еден од најдобрите начини да го консумирате е како зачин за салата. Може да го пробате на сладолед или да со јогурт. Секоја овошна салата е уште повкусна ако ѝ додадете замрзнат лимон. Исто така, ќе ја подобри аромата на супите, готвените јадења, разни сосови и смудиња.

Постојат различни опции за употреба на органски замрзнат лимон во секојдневната исхрана, затоа уживајте во сите придобивки од оваа супер храна и истовремено превенирајте и подобрете го целокупното здравје на вашиот организам.

Фото: Pexels