Мафини од тиква

После костените, тиквите се едни од најпопуларните есенски плодови кои можат да се употребуваат во најразлични варијанти, варени, печени, сирови, во солени и во благи јадења

0
1228

Состојки:

250 г брашно

50 г бел, 50 г кафеав шеќер

½ лажичка сол

2 лажички цимет

2 јајца

50 г пире од тиква

100 г растопен путер

1 ванилин шеќер

1 прашок за пециво

Приготвување:

Помешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво, солта и зачините во еден сад, а во друг имешајте ги јајцата, пирето од тиква, путерот и ванилиниот шеќер. Помешајте ги двете смеси додека не се соединат. Ставете ја смесата во калапи за мафини и печете на 190 степени околу 20 минути.