Магична супа за лекување на сите главоболки

Фото: Pexels
328

Супата подготвена според рецептот подолу е природен лек за лекување на сите видови главоболки, од оние тензичните, до оние предизвикани од воспаление на синусите.

Ако често имате главоболки, сигурно сте испробале сѐ и сешто за да си помогнете.

Кај некого помага кафе со лимон, а кај некого, велат, оваа супа.

Станува збор за супа која претставува природен лек за лекување на сите видови главоболки, од оние тензичните, до оние предизвикани од воспаление на синусите.

Еве што ви треба за оваа магична супа која се прави за само 15 минути.

Состојки:

0,75 л вода

коцка за супа

една лажица мали тестенини
лажичка лут кечап

лажичка концентрат од домати
неколку зрна црн пипер
мелен црн пипер
една лажичка магдонос
една кафена лажичка оригано
лажичка босилек

малку ким
неколку каранфилчиња
малку рузмарин.

Приготвување:

Ставете во водата една коцка за супа и сите останати состојки.

Гответе околу 10 минути.

Јадете ја супата додека е сè уште топла, земајќи по една лажица и, нормално, дувајте за да ја изладите пред да ја ставите во уста.

Изедете две полни чинии, а откако ќе ја изедете супата, легнете на половина час и обидете се да заспиете.

Доколку се работи за главоболка предизвикана од дехидрација, супата ќе ја замени течноста, а силните состојки во супата ќе ве поттикнат да пиете дополнително вода откако ќе ја изедете супата. На овој начин ќе ја ублажите главоболката предизвикана од недостатокот на течност во организмот.

Зошто е важно супата да се сервира топла и да се дува во лажицата за да се излади.

Дувањето ги релаксира мускулите на вилицата и ве поттикнува да дишете правилно, што ја ублажува мигренозната и тензичната главоболка, бидејќи е познато дека мигрените може да бидат олеснети со правилно дишење и опуштање на мускулите на главата.

Од топлата супа во чинијата излегува пареа, а тоа дава дополнителна корист за синусните главоболки, бидејќи го загрева челото и ја стимулира циркулацијата на крвта.

Од истата причина се додава и лутиот кечап.

Чили пиперчињата во лутиот кечап предизвикуваат реакција во организмот како на телото да му е жешко.

Крвните садови се шират, протокот на крв се забрзува и тоа ги ублажува главоболките предизвикани од воспаление на синуси, како и мигренозните главоболки.

Капсаицинот кој се наоѓа во лутите пиперки долго време се користи како природен лек за секаков вид болка.

Подобра опција од лутиот кечап би било да додадете сушена лута пиперка или мелено чили ако можете да се справите со толку лут вкус, но и лутиот кечап одлично ќе ја заврши работата.

Црниот пипер се користи уште од многу одамна како лек за синусна главоболка и олеснување на проблемите со синусите.

Често се меша со масло и се нанесува директно под носот за да се ублажат синусните главоболки, а истото дејство го има и во супата.

Бакарот, минерал со кој е богат црниот пипер, помага и во лекувањето на синусните главоболки и ги ублажува проблемите со синусите.

Магдоносот е богат со антиоксиданти и е одличен антисептик.

Се споменува дека делува и анестетички на болки во устата, но го лечи и запекот, па ќе помогне при главоболки предизвикани од инфекции на синусите, како и кај оние предизвикани од лошо варење.

Ориганото е одличен природен лек за настинка и грип, па ќе помогне при главоболки предизвикани од настинка.

Општо се користи и за ублажување на болката и е познат по своите антиоксидантни својства. Маслото од оригано е добро познат лек за ублажување на забоболка, ориганото е добар извор на витамин Ц, витамин А, а особено магнезиум, кој ги релаксира затегнатите мускули.

Малку го загрева телото, што ја подобрува циркулацијата и ги лекува мигренските главоболки.

Ароматерапијата со босилек е добро познат лек за главоболка, но готвењето босилек го ослободува и неговиот лековит мирис, па босилекот често се користи за парење на синусите.

Затоа, супата треба да се сервира топла, за пареата од супата да делува позитивно на синусните главоболки.

Босилекот има генерално добар ефект за ублажување на болката. Ги опушта мускулите.

Можете да направите дури и чај од босилек бидејќи е многу ефикасен сам по себе во лекувањето на главоболката.

Или можете да џвакате свеж босилек, но сепак најдобро е да се јаде во супа за да има целосен ефект со останатите состојки.

Таблетите на база на босилек се познати и за лекување на хронични инфекции на синусите, а тоа говори за ефикасноста на босилекот во лекувањето на синусните главоболки.

Рузмаринот е многу корисен и за главоболки.

Го стимулира централниот нервен систем, па неговото дејство се заснова на стимулација на бета бранови во мозокот. Смирува, ја намалува напнатоста и нервозата.

Кимот е добар за главоболки кои се јавуваат поради лошо варење или прејадување.

Затоа во супата се додава малку ким за да се стимулира варењето.

Каранфилчето се користи за ублажување на тензичните главоболки.

Вдишувањето на мирисот на каранфилче ќе ја ублажи болката и ќе ја смири напнатоста.

Оставете ги каранфилчињата во чинијата како и пиперот во зрна. Нив не треба да ги јадете.