Масала чај – неверојатен напиток за зајакнување на имунитетот

Фото: Pexels
592

Необичниот масала чај е комбинација од индиски зачини и топло млеко, комбинација што прави чуда за имунитетот.

„Масала“, збор кој во индискиот јазик е синоним за мешавина, се подготвува од различни видови зачини, нема „фиксна“ комбинација, но има основа која се состои од кардамон, ѓумбир, цимет, каранфилче, црн пипер и семки од морач.
Овој традиционален индиски чај го оживува и зајакнува имунитетот, ја ублажува надуеноста бидејќи ја стимулира работата на цревата, го забрзува метаболизмот и на тој начин помага за контрола на телесната тежина, ја подобрува концентрацијата и разбудува, ги ублажува вртоглавицата и мачнините предизвикани од движењето, го намалува стресот… Велат дека „крева од мртвите“!

Има карактеристичен остар вкус и мирис.
Како да направите чај од масала?

Состојки:

3 лажички црн чај (или 3 кесички)
4 чаши вода
1/2 лажичка мелено или мало стапче цимет
1/2 лажичка мелен или парче свеж и рендан ѓумбир (околу 2 цм.
1/2 лажичка зелен кардамом
1/2 лажичка зрна црн пипер
1/2 лажичка каранфилче
1 лажичка коријандер
1 чаша млеко
по желба мед или друг засладувач

Приготвување:

Додадете ги зачините во зовриена вода, покријте и варете на тивок оган 10 минути. Се додава црниот чај, се трга од оган и се остава покриено 10 минути. Додадете млеко и загрејте за да биде топло за пиење, но да не зоврие. Процедете и послужете со мед.