Мечките не се будали! Мечкиниот лук го подобрува помнењето, штити од инфаркт, чисти од токсини

Фото: Pixabay
538

Крајот на март и април се месеци на мечкин лук, див лук или сремуш, кој го нарекуваат и „убиец на отрови“. Ретки се билките кои така добро го чистат дигестивниот систем и крвта како сремушот, поради што треба да се јаде што е можно почесто. Патем, го добил името како вистинско пролетно уживање за мечките кои се будат од зимскиот сон.

Велат дека ниту една друга билка на светот не е толку делотворна во чистењето на цревата, желудникот и крвта како дивиот лук.

Има голема лековита моќ и е омилена храна на мечките кога ќе се разбудат од зимскиот сон, па затоа е и позната и под името мечкин лук.

Ако периодов шетате некаде во природа, не би требало да згрешите, но сепак бидете внимателни затоа што има билки кои ѝ наликуваат, а се исклучително отровни. Ќе ја препознаете по интензивниот мирис на лук.

Многумина му даваат предност во однос на обичниот лук, поради три причини: самоникнат е па не е третиран со пестициди и полековит е од лукот, се наведува во литературата за народна медицина. Дивиот лук е силен природен антибиотик кој изобилува со витамин Ц, каротен, сулфурни соединенија и бројни други лековити состојки. Содржи алицин, етерични масла, алисулфиди и полисахариди, а од вкусните млади изданоци можете да направите салати, крем-супи, песто, ароматично масло, тинктури и вредни минерални соли.

Младите листови од оваа билка можете да ги консумирате свежи. Немојте да ги сушите затоа што така ќе изгубат доста лековити својства.

Можете ситно да ги насечкате и да ги поросите врз леб со путер, или пак да ги наросите врз претходно сварената супа, компир или слично, за да го подобрите вкусот.

Тој е одличен природен лек кој го подобрува помнењето, помага при респираторни тегоби, спречува болести на срцето и крвните жили. Помага и кај несоница и вртоглавица, остеопороза и артритис. Штити и од инфаркт и го јакне срцето.

Тој е совршен чистач на крвта, жолчката и црниот дроб од токсините што се насобрале во организмот во текот на зимата.

Ретки се билките кои така добро го чистат дигестивниот систем и крвта, како дивиот лук, поради што треба да се јаде што е можно почесто. Тој е совршен чистач на крвта, жолчката и црниот дроб од токсините што се насобрале во организмот во текот на зимата.

За детоксикација

Консумирањето на свеж див лук има корисен ефект врз паразитите во цревата, ги штити цревата од иритација. Ефикасен е и за чистење на организмот од токсини. Ги чисти црниот дроб, бубрезите, цревата и жолчното кесе.

За респираторните органи

Помага при лекување на бронхитис, ги чисти дишните патишта, го олеснува дишењето и ја намалува кашлицата.

Добар е за чир на желудник и гастритис

Консумирање на сремуш им се препорачува на луѓе кои имаат проблем со стомакот. Има смирувачко дејство на иритираниот стомак и ја смирува болката предизвикана од чир.

Ефикасен е и за проблеми со срцето

Ова растение има способност да ги шири крвните садови, поточно ги прави еластични, што позитивно влијае на функционирањето на срцето. Спречува срцев удар, бидејќи го штити срцето со зајакнување и подмладување на срцевото мускулно ткиво.

Одличен е за кожата

Во форма на бања, сремушот е идеален за сите оние кои страдаат од проблематична кожа, воспалителни процеси на кожата, иритација на кожата, егзема и дерматитис.