Месар – шегобиец: „Секој ден илјадници невини растенија се убиваат од вегетаријанците“

177

Натпис пред месарница во Единбург може да им се допадне на многу тврдокорни јадачи на месо, но исто така може да налути некои заколнати вегетаријанци. Всушност, станува збор за месар кој сакал само да се пошегува

„Секојдневно илјадници невини растенија се убиваат од вегетаријанци. Помогнете ни да ставиме крај на насилството. Јадете месо“, е пораката пред месарницата која се појави на Фејсбук и предизвика лавина од различни коментари, пишува LADbible.
Некои коментираат дека „месарот е психопат“, други сериозно дискутираат за тоа дека и животните јадат растенија, додека еден коментатор вели дека, за разлика од животните, растенијата немаат чувства. Некој ја брани легитимноста на месарската професија.

„Овие луѓе водат бизнис кој е во нивните семејства со генерации. Тоа не значи дека сите треба да јадеме месо. Не може да биде во ред вегетаријанците да го веат нивното знаме, а оние што јадат месо да не можат да го прават истото“, вели еден од коментаторите.

И додека повеќето луѓе натписот ги натерал очигледно, сериозно да го сфатат и да коментираат и да објаснуваат кој е поголем „штетник“, сопственикот на месарницата, која е основана во 1889 година и оттогаш е дел од семејната традиција, се забавува од реакциите и вели дека неговиот натпис не бил злонамерен, туку треба да се сфати како „благо задевање“.

Накусо, се шегувал човекот, а си направил и одличен маркетинг.